Nissan се испробува во улога на италијански дизајнер

Тоа што обично е својствено за италијанските стилисти, сега е предизвик и за Јапонците. Nissan на салонот во Женева ќе прикаже концепти што експериментираат со бои и материјали. Успешно?

Со гордост од продажните успеси на своите кросовери на европскиот пазар, Nissan на салонот во Женева ќе прикаже дизајнерски концепти на Qashqai и X-Trail, со кои марката испробува како пазарот би реагирал на новите комбинации од материјали и бои. Тоа е пријатно изненадување од Nissan, во подрачје во кое што обично доминираат италијанските стилисти. Дали експериментот ќе мине успешно, ќе се знае дури откако публиката ќе го каже своето мислење на салонот.

nissan qashqai x-trail concept zeneva (2)Qashqai Premium Concept и X-Trail Premium Concept се два различни пристапи на иста тема, што меѓу другото произлегува и од различното потекло на нивните дизајнерски тимови. Првиот е дело на европските дизајнери на марката кои работат во Лондон, додека вториот доаѓа од нивните колеги од глобалниот центар за дизајн во Јапонија.

Концептот на Qashqai, дизајнерите го замислуваат за урбани херои кои сонуваат за викенд за уживање во културата на европските метрополи како Берлин, Париз или Рим, додека X-Trail е наменет за авантуристите чијшто сон е освојување на планинските врвови на Алпите или на Пиринеите. Заеднички кај обата модела е контрастот од црна и бела боја, на што се надоврзуваат детали во бакарна боја, заради контраст.

nissan qashqai x-trail concept zenevaКај Qashqai Premium Concept доминира мат црна боја, со бакарна нијанса на крилата, на рамката околу прозорците, во светлата и во шините на покривот. Во долниот дел од каросеријата се преоѓа на карбон и бандажи од 20 инчи, изработени на фреза. Браниците и праговите се во спортски стил, карактеристичната маска во форма на V е нагласена.

Во ентериерот се користи мека телешка кожа во бела боја, како детал од луксузните лимузини. За контраст, тука се грижат деталите во истата бакарна боја од надворешноста, во комбинација со темен хром и сјајна црна боја на воланот и на рачката на менувачот.

nissan qashqai x-trail concept zeneva (1)

Пристапот кај братскиот модел X-Trail Premium Concept е ист, разликата е во нијансите. Основна боја на каросеријата е белата, а за хаубата и за покривот се користи имитација на карбон. На тој начин, според дизајнерите се постигнува автомобилот да изгледа впечатливо и лесно. Бакарот е бојата за предната заштитна плоча за подвозјето и за бандажите. Делови од крилата се лакирани во сјајна црна боја.

Фотографии од внатрешноста отсуствуваат, но Nissan тука најавува комбинација од кремаста и црна боја на седиштата, карбон на арматурната табла и на вратите, како и темен хром за нагласување на спортскиот стил.

Претходна објаваЕкс „фераристот“ Стефано Доменикали е новиот шеф на Lamborghini
Следна објаваБлаго-лута верзија на AMG се приклучува во гамата на Mercedes C-Class

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here