Летово е актуелен акцискиот филм „Хобс & Шо“ со Џејсон Стејтам и Двејн Џонсон, како засебно издание на филмскиот серијал „Брзи и бесни“. Филмот вообичаено става голем нагласок на автомобилите, меѓу кои се најдоа McLaren 720S, Jeep Gladiator и хот-род изведен од влекач Peterbuilt. Причина да се присетиме на неколку сцени со впечатливи улоги на автомобили.
Идејата да се издвојат десет автомобили што биле дел од незаборавни филмски сцени, обично се чини несериозна и недоволно веродостојна. Затоа, овој наш Топ 10 повеќе е присетување на некои од тие филмски сцени, од кои повеќе се помнат автомобилите отколку дејствието во филмот.
















