за

Просечната моќност на новите автомобили во Германија е 166 КС

Mercedes-AMG GLS 63
Mercedes-AMG GLS 63

Автомобилите со децении наназад добиваат сé посилни мотори. Педантните германски статистичари имаат најверодостоен податок за тамошниот пазар, просечната моќност годинава пораснала на 166 КС. Моќноста очигледно продолжува да расте и во време на корона.

Не престанува трендот на зголемување на моќноста на моторите во новите автомобили. Последните податоци што го докажуваат тоа пристигаат од германскиот пазар. Статистичарите пресметале дека просечната моќност на новите автомобили во земјата, продадени меѓу јануари и мај изнесува 166 КС. За лани, вредноста изнесуваше 159 КС. Во исто време се смалил и уделот на малечките автомобили во вкупниот број новорегистрирани возила, од 20 на сегашните 18 проценти.

Германските аналитичари располагаат со податоци дека растот на моќноста на моторите продолжил дури и во рецесијата во 1993 година, по соединувањето на „двете Германии“, како и ео евро-кризата 2012/13 година. Додека просечната моќност на новите автомобили во Германија во 1990 година изнесувала 92 КС, таа до финансиската криза во 2008 година се зголемила на дури 131 КС.

Единствен пад во последните три децении имало во 2009 година, поради државните субвенции за замена на старите автомобили, кога нагло се зголемил уделот на малечките возила во вкупната продажба на 34 проценти и просечната моќност опаднала на 118 КС. Но, веќе во следната година се вратила претходната динамика и оттогаш бројот на КС расте постојано од година в година.

>>> Зошто скапите автомобили со моќни мотори се добри за електромобилноста

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Carnival

Kia ги враќа вановите на сцена со новиот Carnival

Кокпитот на Skoda Octavia е дигитален, вмрежен и лесен за ракување

Кокпитот на Skoda Octavia е дигитален, вмрежен и лесен за ракување