за

Домашниот автомобилски пазар ја заврши минатата година со 5.418 продадени нови возила

Во последниот месец од минатата година, на македонскиот автомобилски пазар биле продадени 490 нови автомобили и 90 нови доставни возила.

Вкупно 5.418 нови лесни возила се продадени на домашниот пазар во 2023 година, од нив, 4.703 се патнички авотмобили, останатите 715 примероци отпаѓаат на лесни товарни возила, главно фургони.

Раст од 10,5 проценти во продажбата на лесни возила на македонскиот пазар во минатата година, во споредба со 2022 година. Тоа во најголем дел се должи на периодот со долгите рокови на испорака на новите возила, поради тесното грло во снабдувањето на автомобилските фабрики со микрочипови. Возилата што беа нарачани во средината на ’22, производителите можеа да ги испорачаат до својата дилерска мрежа дури во 2023.

Од продадените 5.418 лесни возила, 4.703 се патнички автомобили. Многу е поголем растот во продажбата во споредба со ’22 кај патничките автомобили, отколку кај доставните возила. Пазарот на првите пораснал за 16,5 проценти, додека вториве назадувале за 21,4 проценти. Во бројни случаи, смалувањето на бројот на продадени лесни товарни возила укажува дека и компаниите што користат товарни возила имале тешка година за бизнис лани.

Само во декември лани се продадени 490 нови патнички автомобили, наспроти 293 автомобили преклани. Кај доставните возила, декември годинава бележи 90 нови возила, наспроти 121 товарно возило во истиот месец лани.

Најпродавана марка е Шкода, со 85 возила, што е блиску до месечен рекорд на продажба на една марка во поново време, односно по 2010 година, кога македонскиот пазар остана без каква било регулатива за увоз на користени возила. Втора е Тојота, трета марка е Киа со продадени 48 нови возила за завршница на годината.

Кај товарните возила, стандардно прв е Фиат со 26 возила, а следи Мерцедес-Бенц Ванс со 12 примероци, како уште еден доказ одличната работа на тимот за доставни и товарни возила на Мак Аутостар.

Најпродавани марки на македонскиот автомобилски пазар во декември 2023

  • Шкода: 85 возила
  • Тојота: 50 возила
  • Киа: 48 возила
  • Фолксваген: 44 возила
  • Хјундаи: 38 возила

Нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фиат Тополино со мотиви од Мики Маус пречекува гости во трговски центар во Торино

Рено има нова стратегија за електричните автомобили и за софтверот