Фиат пред извесно време ангажираше врвни уметници да лакираат пет возила Тополино во стилот на Мики Маус. Две од тие возила сега се наоѓаат веднаш на влезот во Лингото, некогаш фабрика на Фиат, денес голем трговски центар во Торино, домот најиталијанската од сите марки.
Пет уникатни примероци од Фиат Тополино, со графика што е инспирирана од Мики Маус, изложени се како нова атракција во Чентро Комерчиале Лингото. Некогашната фабрика на Фиат, спектакуларна меѓу другото и поради кружната патека што е изведена на покривот, денес е масовно посетуван трговски центар во Торино.
Двете електрични возила, што спаѓаат во категоријата Л7е, односно тешки четирицикли, поставени се веднаш покрај спиралното искачување што води до покривот на Лингото.
Фиат ја подготви изложбата заедно со Пинакотека Ањели, што исто така е дел од Лингото. Возилата ги поздравуваат посетителите на влезот во центарот и на други места во повеќенаменскиот објект.
Кружната патека на покривот денес се води како Ла Писта 500 и служи за публиката да направи тест возење на електрични возила.
Петте уникатни Фиат Тополино се симболичен подарок од Фиат. Тополино е името под коешто Италија го познава Мики Маус. Тоа беше и дополнителна причина за цртаните филмови со Мики Маус во времето на првиот Фиат 500, наречен Тополино, да постигнат исклучителна популарност меѓу италијанската публика,
Со инспирација од студијата на Дизни, Чентро Стиле Фиат осмисли посебен дизајн за четири од петте возила. Едно од возилата е создадено во соработка со Џорџо Кавацано, еден од најпознатите цртачи од светот на Дизни.
















