за

Mitsubishi го потврди пристигањето на новиот L200 на нашиот пазар

Mitsubishi L200 VI gen
Mitsubishi L200 VI gen

Пикапот што своевремено имаше голема кариера на македонскиот пазар, ќе вози повторно, во нова генерација. Mitsubishi L200 доби дизел чист според Euro 6d, производителот ветува возни својства како патнички автомобил, робусноста и теренската проодност беа беспрекорни уште кај претходникот.

Преку објава на профилите на Mitsubishi на социјалните мрежи, Мак Аутостар го потврди тоа што фановите на јапонската марка со нетрпение очекуваа да го слушнат. Новиот пикап Mitsubishi L200 наскоро пристига на македонскиот пазар. Камионетот што во својот концепт носи големо искуство на јапонската марка во подрачјето на теренските возила, особено со легендарниот Pajero, од крајот на минатата година вози во шестата генерација. Станува збор за традиција подолга од 40 години. Токму имиџот на Mitsubishi придонесе L200 да биде меѓу најпродаваните пикапи на македонскиот пазар вооошто.

Оваа работна машина што е сосем добра и како семеен транспортер, настапува со стилот на „динамичен штит“, воведен преку Eclipse Cross. Дизелот од 2.268 сантиметри кубни е нов и беспрекорно е чист според Euro 6d, благодарение меѓу другото и на впрскувањето Адблу. Опционалниот автоматски менувач сега располага со шест степени.

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Во новата генерација е посветено повеќе внимание на комфорот и возните својства. Шасијата е покрута и се користат нови амортизери и пружини. Не отсуствуваат и системите за асистенција, истите што се вградуваат во Eclipse Cross или Outlander.

Во исто време е зголемена и носивоста (на 1.080 kg), како и дозволената тежина на влечна композиција (6.155 kg). Во целина, новиот Mitsubishi L200 е развиен со цел да биде уште попрактичен и поиздржлив пикап, а во исто време му се вградени својства на патнички автомобил, во поглед на возните својства и комфорот. Секако дека и погонот на сите тркала е понатаму усовршен, тоа сепак се подразбира кај марка од ковот на Mitsubishi.

Од дебито во 1978 година се продадени повеќе од 4,7 милиони примероци. Новиот модел ќе биде пристутен на повеќе од 150 пазари ширум светот. За стартот на L200 на македонскиот пазар уште нема конкретен датум од Мак Аутостар.

Кус преглед на главните обележја на новиот Mitsubishi L200

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нови детали во надворешниот дизајн:

  • Динамичен штит напред
  • Хаубата е повисока за 40 mm за помоќна појава и за полесно наѕирање на предниот крај
  • Диодно соборено светло и дневни светла, во повисоките нивоа на опрема
  • Алу-бандажи од 18 инчи стандард во повеќето нивоа

Возни својства:

  • Унапреден систем 4WD, вклучувајќи нов „Off Road Mode“ и „Hill Descent Control“
  • Нов дизел од 2.268ccm (Euro 6d)
  • Нов 6-степен автоматски менувач
  • Поголеми сопирачки дискови
  • Преработено водење на тркалата
  • Подобрен комфор и управливост

Нови системи:

  • Предупредување за возило во мртов агол и помошшри престројување (BSW & LCA)
  • Предупредување за возило при излегување во рикверц (RCTA)
  • Самостојно запирање при опасност од судир (FCM)
  • Ултрасоничен систем за заштита од погрешно притискање на педалите (UMS)
  • Предупредување за напуштање лента (LDW)
  • Контрола на стабилност (M-ASTC)
  • Помош при поаѓање на нагорнина (HSA)
  • Помош при влечење приколка (TSA)

Новитети во внатрешноста:

  • Подобрени седишта со посилна странична поддршка
  • Подебел волан, со греење
  • Нови инструменти и дисплеј во боја
  • Повеќе прегради

Наскоро – Новиот L200, следете не…

Posted by Mitsubishi Motors Makedonija on Thursday, August 15, 2019

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen T-Roc Cabriolet

На Volkswagen T-Roc покрив не му е потребен

Повеќе почначи за струја од станици за гориво: Британија под напон

Повеќе полначи за струја од станици за гориво: Британија под напон