Mitsubishi Outlander е најпродаван плагин-хибрид во Германија

Во првите десет месеци од годинава во Германија се продадоа 7.500 возила со хибриден погон со приклучок за струја. Една четвртина од оваа продажба отпаѓа само на Mitsubishi Outlander PHEV.

Јапонскиот производител Mitsubishi во периодот од јануари до октомври забележа зголемување на продажбата на својот модел со плагин-хибриден погон на германскиот пазар за над 100 проценти во споредба со истиот период лани. Од Mitsubishi Outlander PHEV од почетокот на годинава се продадоа 1.863 примероци на најголемиот пазар за автомобили во Европа, што претставува една четвртина од вкупната продажба на возила со хибриден погон со можност за полнење на батериите на обичен приклучок за струја. Германскиот пазар на плагин-хибриди и електрични автомобили исто така бележи зголемување од 72 проценти за периодот од јануари до октомври. Во земјата се продадоа 17.500 возила со овие два погона до октомври.

Претходна објаваНа тест-патека на Mercedes: Овој автобус влегува со сто на час во свијок
Следна објаваBMW им помага на 500 бегалци да најдат вработување во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here