Спортскиот теренец на Mitsubishi се покажа како најбезбеден автомобил на краш тестот на јапонскиот NCAP. Тоа секако е плус повеќе за популарниот Outlander.
Број еден во поглед на безбедноста за оваа година е Mitsubishi Outlander. Тоа е заклучокот по тестирањето на моделот според јапонската програма за краш-тест JNCAP. Поради одличните резултати на спортскиот теренец на краш тестот, тој на освои првата награда, како најдобар автомобил од сите што беа ставени на проба на безбедноста.
Јапонскиот пандан на европската програма за краш тестови Euro NCAP им додели максимални пет ѕвездички на шест од тестираните модели. Покрај Mitsubishi Outlander, на списокот на најбезбедните модели се наоѓаат уште Honda CR-V, Subaru Imperza и Mazda CX-5. Третата генерација на Outlander се продава на нашиот пазар од минатата година и во основната моделска изведба чини 28.980 евра, вклучувајќи седум воздушни перници, контрола на стабилност и помош при поаѓање на нагорнина. Во верзија со автоматски менувач и со врвното ниво на опрема, Outlander дополнително поседува систем за следење на сообраќајната лента, радарски темпомат со можност за самостојно сопирање и систем за автоматско запирање при неизбежен судир.