за

Хероината на Mitsubishi повторно на Рели Дакар

кристина гутиереш митсубиши рели дакар

Mitsubishi освои многу симпатии кај публиката кога ја ангажираше Шпанката Кристина Гутиереш да се бори со најтешките предизвици кои ги носи рели-спортот. Кристина годинава третпат ќе вози за јапонската марка, има Mitsubishi Eclipse Cross

Кристина Гутиереш е главниот возач во шпанскиот тим на Mitsubishi Motors, на релито Дакар кое се одржува од 6-ти до 17-ти јануари. Овојпат зад воланот на Mitsubishi Eclipse Cross, 27-годишната Шпанка ќе ја вози третата натпреварувачка година на Дакар. Копилот е 26-годишниот Пабло Хуете.

Симпатичната дама заслужува масовна поддршка за највисокиот пласман на 41-то издание на релито Дакар рели. На својот профил на фејсбук, Кристина има близу 45.000 следбеници и очигледно дека со нетрпение го очекува стартот на релито, објавувајќи неколкупати дневно. Шпанката која првпат седнала на мини-мотоцикл на четиригодишна возраст, вели дека Mitsubishi Eclipse Cross е најспектакуларниот рели автомобил што досега го возела и дека автомобилот навистина привлекува внимание.

Годинешното издание на релито се вози во Перу, Латинска Америка, на патека во должина од 5.000 километри, од кои две третини се песок. Според најавите од Мак Аутостар, новиот купе-теренец на Mitsubishi, во „цивилното“ издание, наскоро и официјално ќе стартува со продажба во Македонија.

https://www.facebook.com/cristinagutierreztt/photos/a.1410604009237148/1984694848494725

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

Mitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Edge Fl

Ford Edge вози по работ на теренот

volvo xc gama akcija premium ags

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели