за

Mitsubishi Outlander во Јапонија служи како акумулатор за цела куќа

Mitsubishi Dendo Drive House
Mitsubishi Dendo Drive House

Mitsubishi на домашна територија започна со продажба на системот наречен Dendo Drive House, наменет за поврзување на автомобилот со домот. Системот овозможува изведбата на Outlander со приклучен хибрид да се интегрира во куќното напојување со електрична енергија. Идејата е на тој начин да се смалат трошоците за струја, затоа што во време на скапа тарифа, домот може да се напојува со енергијата што преку ноќ, во периодот на евтина тарифа, е акумулирана во батеријата на големиот СУВ. Ова е почетна фаза од реализацијата на планот и техниката за поврзување засега е достапна само во ограничен број.

Dendo Drive House или DDH се состои од самото возило Mitsubishi Outlander Plug-in Hybrid, од двонасочна станица за полнење и соларни модули, односно стационарна батерија. Системот е замислен за корисникот да го полни возилото дома со струја добиена од соларните модули, односно за електричната енергија што е акумулирана во батеријата на возилото да се користи за напојување на куќната струјна мрежа.

DDH се нуди во дилерската мрежа на Mitsubishi како комплетен пакет, почнувајќи од продажбата, преку поставувањето, до одржувањето на системот и на неговите компоненти.

Концептот првпат беше претставен и најавен на салонот во Женева во март. Во план е DDH да се нуди и надвор од домашниот пазар.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Puma влегува со производство, можен нов бестселер на марката

Ford Puma влегува во производство, можен нов бестселер на марката

mini нов салон минхен

Mini отвора досега единствен вид на салон во центарот на Минхен