за

Mitsubishi ASX со летно освежување и нов дизел мотор

10. MITSUBISHI ASX, продадени примероци 23,877 (+39.1%)

Кросоверот Mitsubishi ASX веќе влегува во новата моделска година, со серија освежувања во изгледот, но и со нов дизел мотор.

Со новиот 1,6-литарски дизел со 114 КС, компактниот кросовер на Mitsubishi троши просечно 4,6 литри на сто километри во верзијата со преден погон, односно точно 5 литри со погон на сите тркала. Моторот ослободува 270 њутнметри при 1.750 вртежи и овозможува забрзување до 100 за 11,2 (2WD), односно 11,5 секунди до сто. Крајната брзина изнесува соодветно 182 и 180 km/h. Новиот дизел ќе стартува со продажба во Европа во октомври, во нивоа на опрема ASX Plus и ASX Top. Со тоа, сите понудени мотори во ASX ќе ја исполнуваат нормата Euro 6. Основен модел и натаму е бензинскиот ASX 1.6 со 117 КС, а врвот во моќноста го одбележува ASX 2.2 DI-D со 150 КС, само во комбинација со погон на сите тркала и автоматски менувач.

Акциски модели со предност од 1.500 евра. Информација за Македонија нема

Мултифункцискиот информациски дисплеј со висока резолуција во иднина ќе се нуди во сите верзии на ASX, со внатрешен ретровизор со заштита од заслепување, нов волан со лакирани апликации во моделите Plus и Top, вклучувајќи дополнително паркинг сензори и камера во нивото Top. Најатрактивни се акциските и специјално опремени модели Diamant Edition, коишто на европскиот пазар нудат предност од околу 1.500 евра, наспроти споредливо опремените стандардни модели. ASX Diamant Edition е достапен со бензинскиот 1.6 MIVEC и поседува алу-бандажи од 18 инчи, проширени крила, собирање на ретровизори, како и хромирани рачки и маска, хромиран издув и лајсна на страничните прозорци со истиот финиш.

mitsubishi asx 2903856Покрај тоа, акцискиот модел поседува и магленки и дневни светла. Мултимедискиот систем со уред за слободен разговор располага со блутут, кокпитот е обложен со панели лакирани во сјајна црна боја, мултифункцискиот волан и рачката на менувачот се обложени со кожа. Назад има потпирач за рака со држач за пијалоци, а автоматската клима освен што ја разладува кабината, доведува свеж воздух и во преградата пред совозачот. Напред исто така има потпирач за рака со дводелен капак. Опремата на Diamant Edition ја дополнуваат сензори за дожд и светла, радио со дисплеј на допир, шест звучници, приклучок USB, камера за рикверц, греење на седиштата и темпомат.

Вториот акциски модел, ASX Diamant Edition+, дополнително е достапен со дизелот со 150 КС и поседува автоматски менувач. Погонот на сите тркала е стандард кај дизел верзијата. Во опремата следуваат носачи на покрив, диодни дневни светла, дополнително затемнети задни стакла, ксенонски светла, дигитално радио, пристап и стартување без клуч.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ќе користи батерии од LG и Samsung за електричниот кросовер

500 милиони долари за идните проекти на Tesla