Имиџот на Mitsubishi е погоден точно за турнејата што го симболизира скокот од старата во новата година. Mitsubishi ги има машината за рели-победи Lancer Evo, сигурниот и отмен Pajero, па и i-MiEV, еден од првите електрични автомобили од голема серија, чијшто „издув“ е бел како снег. Затоа, јапонската марка првпат ќе се појави како официјален спонзор на новогодишната турнеја на 4-те скокалници.
В година повторно ќе се чекаат нови модели на Mitsubishi. Напролет доаѓа нова генерација на ASX, којшто е Renault Captur со обележја на Mitsubishi, иако таа „забелешка“ нема да смени многу во еуфоријата на фановите. Влезот во новата година, јапонската марка ќе го одбележи на најдобриот начин. Со појавување како спонзор на турнејата на четири скокалници.
Скоковите почнуваат на 29-ти декември во Оберстдорф, потоа традицинално следи Гармиш-Партенкирхен во 1-от ден од Новата Година, Инсбрук е на календарот на 4-ти јануари 2023, а завршницата ќе биде на Бишофсхофен, на 6-ти јануари 2023. Mitsubishi ќе го придружува скокачкиот циркус по Алпите како официјален автомобилски партнер.
„Турнејата на четирите скокалници се смета како еден од интернационалните хајлајти во целата зимска спортска сезона, затоа посебно се радуваме што Mitsubishi ќе го ставиме на сцена на највисокото ниво на конкуренција“, порачува Кристијан Андерсен, директор за маркетинг во германскиот огранок на Mitsubishi. „Во скијачките скокови се пторебни храброст, решителност и контрола – тие својства ја одликуваат и марката Mitsubishi.“
Марката со трите дијаманти ќе биде присутна со познатото лого на сите четири скокалници, од Оберстдорф до Бишофсхофен. Покрај тоа, моделот со приклучен хибриден погон Eclipse Cross Plug-in Hybrid ќе биде често во кадар при прикажувањето на просторот околу скокалницата.
View this post on Instagram
Спортскиот СУВ-купе располага со батерија од 13,8 kWh, што дозволува досег до 61 километар возење на струја, пред да се активира бензинецот. Тоа е досег што далеку го надминува дневниот просек на европските возачки и возачи. Доколку Eclipse Cross се остава за полнење преку ноќ, со денови, па и недели ќе може да се користи автомобилот без притоа да се потроши грам гориво.