Првенството е завршено, решено е кои се најдобрите фудбалери во светот. Kia вообичаено беше дел од логистиката на првенството.
Пораката на Kia за годинешниот светски куп гласеше „Инспирација. Сите ја имаме“. Преку оваа порака, производителот на автомобили укажа на моќта на спортот да ги соединува фановите од сите нации ширум земјинатата топка.
Вкупно 297 автомобили Kia и 70 автобуси со натпис Kia се користеа за време на светскиот куп во Катар. На фудбалерите, судиите, менаџментот и персоналот им беше понуден безбеден и комфорен превоз.
Возниот парк опфати 80 возила со електрифицирана или чисто електрична погонска спрега:
- 30 возила EV6 GT-Line
- 30 возила Sorento Plug-in Hybrid и
- 20 возила Niro Plug-in Hybrid.
Kia посебно го издвојува кросоверот EV6, како свој прв целосно електричен модел што е користен во рамките на светскиот куп на ФИФА. Автомобилот со погон на струја имаше и дополнително значење, затоа што ги претставуваше активностите на Kia во заштитата на животната средина во регионот на Средниот Исток, кадешто возилата со ниска или нулта емисија на штетни материи не се посебно популарни во моментов.
Во чест на улогата на во првенството, снимен е документарец во соработка со ФИФА. Под наслов „Road to Inspiration – presented by Kia,“ филмот може да се погледне на ОТТ-платформата на ФИФА (FIFA+). Во филмот се појавуваат легендарните фудбалери Микаел Силвестер (Франција) и Најџел де Јонг (Холандија), додека му помагаат на спортскиот водител Адам Хант да навигира со EV6 GT-Line до одредиштето во Катар.
На Фестивалот на фановите на ФИФА беше прикажан и концептниот автомобил Kia EV9 Concept, на посебен штанд под мотото „Ground of Inspiration“. Овој модел е најава за идниот СУВ-знаменосец со чисто електричен погон и истиот беше достапен за фановите да го разгледуваат за време на настанот.
Посетителите можеа да го погледнат и EV6 GT, најсилниот модел од сериско производство на Kia досега, со 585 КС и со спринт до темпо сто за 3,5 секунди. На стадионот Калифа беше изложен бестселерот, новата генерација на Sportage.
Документарецот што го снимија Kia и FIFA
https://www.fifa.com/fifaplus/en/watch/movie/1zJuognvbbpU4GBXx4i07H
Kia на 250 гости од 39 нации им овозможи да присуствуваат на турнирот, преку својата програма „Road to Inspiration“. Составот на овие гости вклучуваше дилери, бизнис партнери, тековни и идни големи купувачи, како и автори. Во улога на официјални носачи на топки на натпреварите беа ангажирани и 64 млади фудбалери од 17 држави.
Подготовката за следниот спортски настан од светски ранг веќе е во тек. Тоа ќе биде поддршка на Отвореното тениско првенство на Австралија 2023.