Улрике вон Мирбах е новата шефица на Mini за Европа

Новата шефица на Mini доаѓа од местото на раководителка за детали во бизнисот со клиенти во BMW и Mini. Улрике фон Мирбах на таа функција ја градеше новата продажна мрежа на Mini. Таа функција останува, дополнителна функција е раководењето со целата марка Mini во Европа.

Претходниот европски директор, Пјер Жалади, од 1-ви јули 2022 е одговорен за марката Mini за регионите на Азија и Пацификот, Источна Европа, Средниот Исток и Африка. Улрике фон Мирбах работи 17 години во групацијата BMW. Во почетокот на својата кариера, таа меѓу другото беше одговорна и за стратегијата на маркетингот на марката BMW на германскиот пазар. Од октомври 2015 до крајот на 2020 година, фон Мирбах раководеше со маркетингот на марката Mini во Германија. Од 1-ви јануари, таа го презеде раководењето со марката Mini во Германија, а една година подоцна во нејзина надлежност се најде целиот европски пазар.

Менаџерката има големи заслуги за напредувањето на продажбата на Mini на германскиот пазар, како и за електрификацијата на марката. Улрике фон Мирбах цени дека добрата соработка меѓу продажбата и производството, како и стратешкото водење на марката и дигитализациајта на марката, претставуваат решавачки фактори за позитивното движење на марката на германскиот пазар.

Штефани Вурст, директорка на марката Mini: „Убедена сум дека Улрике фон Мирбах успешно ќе ја води марката Mini во електричната иднина на европско ниво, бклагодарение на својата богата експертиза за марката и за продажбата. Таа ќе ги постави вистинските стратешки рамки, за да се обезбеди продажен успех на марката во новиот модел на продажба.“

Марката Mini планира уште во раните 2030-ти години да премине на целосно електрична понуда од модели.

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Претходна објаваToyota Hulux ќе вози и на масло од фритеза
Следна објаваOpel Astra и во новата генерација е икона на тјунингот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here