за

Mini Cooper го спасува светот во новата комедија „Пикселс“

Инки, Блинки, Клајд и Пинки во холивудската комедија Пикселс

Брканици, смешни дијалози, спектакуларна акција, ликови познати од видеоигрите и бестрашни херои – сето тоа е дел од новата комедија во којашто Mini Cooper се појавува во улога на спасител на светот.

За летото се најавува почетокот на прикажувањето на новиот филм на Sony Pictures, комедијата „Пикселс“. Тимот што треба да го спасува светот од злосторниците секако дека располага и со „специјални“ возила за тоа. Четворицата главни актери, Адам Сендлер, Питер Динклиџ, Денис Акијама и Џош Гед, возат Mini Cooper S. Актерската екипа ја комплетираат Кевин Џејмс и Мишел Монаган.

Кристофер Колумбус, режисер на овој холивудски филм, се инспирирал од францускиот анимиран краткометражен филм на Патрик Жан. Тој во 2010 година предизвика општа еуфорија во 2010 година со омажот на класичните игри, како Тетрис, Пакмен, Спејс Инвејдерс и Донки конг.

Mini против Пакмен

Во „Пикселс“ светот станува реална видеоигра. Вонземјаните примаат сигнали од најпопуларните игри од 1980-те, вклучувајќи ја и играта Спејс Инвејдерс, во којашто играчите треба да уништуваат малечки вонзејмани. Убедени дека станува збор за објава на војна, збеснатите вонземјани испраќаат огромни фигури на Пакмен и Данки Конг на земјата. Но, во лавиринтот на големиот град, сé што тие ќе допрат се претвора во пиксели.

За спас на светот, американската влада испраќа четиричлена група на поранешни закоравени гејмери од 1980-те, коишто најдобро ги познаваат силните и слабите точки на ликовите во игрите. Како помош во борбата против Пакмен и останатите, протагонистите добиваат подршка од четири „Mini Ghosts“ – четири примероци од Mini Cooper S со имињата и боите на духовите во Пакмен. Како ќе заврши борбата за спас на светот ќе дознаеме летово.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SEAT со историски рекорд во минатата година

Криза во Opel: Марката се повлекува од Русија