за

Mini се збогува со оригиналноста – станува Mini-BMW

Култот на Mini трае уште откако првата генерација го проврте светов. Но, можно е овој култ да претрпи тежок удар со следната генерација на моделот.

Досега Mini беше уникат, чии што главни обележја беа негувани највнимателно. Но, британската легенда во иднина ќе ја дели целата техника со моделите на BMW. Неколку ситни, но пресудни детали се менуваат и во кокпитот. Брзиномерот се сели од големиот средишен инструмент зад воланот, прекинувачите за прозорците исто така се селат од средишната конзола во вратите.

mini 2014 3

Традиционалистите повеќе ќе негодуваат за надворешниот дизајн. Поради делењето на техничката платформа со серијата 1 на BMW, впечатливо кусиот нос на Mini ќе биде значително подолг во новата генерација. Исправеното ветробранско стакло, кое силно потсеќаше на првиот Mini, сега легнува наназад како кај секој друг автомобил. Добро ќе биде Mini да се приближи на стандардите на BMW и со квалитетот на изработката.

mini 2014 2

Верзијата со дополнителна задна врата Clubman во иднина ќе се замени со обична верзија со четири врати. Тоа е попрактично, но е секојдневно. Посилните моделски изведби ќе возат со новата генерација трицилиндарски мотори со турбонатполнење, додека основните изведби и натаму ќе ги користат моторите што се развиени во соработка со PSA Peugeot Citroen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кинезите го украдоа дизајнот на Volkswagen Taigun

Mitsubishi е најбрзо растечка марка во Британија