Mini има соодветно решение за секој буџет и секој начин на кампување, од шатор на покрив, до туш во багажникот или цела приколка со впечатлив дизајн. Летувањето може да почне.
Не е важно како, важно е да се кампува и да се ужива во тоа. Марката со малечките автомобили со голем стил има три различни предлози за кампување. Првиот е Mini Countryman All4 Camp со шатор на покривот. Во него има простор за двајца и целата подготовка за преноќување или само прилегнување се состои единствено во подигнување на капакот. Благодарение на погонот на сите тркала Mini може да се спушти директно до плажата или пак да се качи до ридот и да се направат неколку кругови со велосипед.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
Кој сака повеќе комфор може да се реши за приколката Cowley. Во неа исто така има простор за двајца, но има и шпорет со два горилника за гас, резервоар за вода, соларен панел, ладилник и телевизор, заедно со DVD. Преку соларните ќелии се полнат батериите, а тие пак испорачуваат струја со напон од 230 волти. За целата композиција да биде во стил, приколката е бојадисана исто како возилото. Отстрана приколката ги следи линиите во облогите на вратите на Mini, а прозорците се во стил на првата генерација на Mini.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
За кампување во висок стил е наменет Mini Clubvan Camper. Единственото ограничување е тоа што во сиот луксуз мора да се ужива сам. Страничните прозорци се непровидни, внатре има шпорет на извлекување, исто какко и ладилник, и на големо изненадување, дури и туш.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]