за

Mercier Jones Supercraft: Идентификуван нисколетачки објект

На изгледот на ова возило не смее да се наоѓа замерка. Неговата функција не е да убавее, туку да лебди над вода, песок или снег. Згора на се, оваа амфибија има и погон на струја.

Во британските филмови од 1970-те години редовно се прикажува сцени од „Ховеркрафт“, траектот што лебдеше над водата на каналот Ламанш, пренесувајќи патници од еден до друг крај. Овој вид на транспорт заврши во 2000-та година. Сега Американците се тие што повторно дојдоа на идеја за возило што лебди врз подлогата, но во многу помало издание. Американскиот производител Mercier-Jones го креираше Supercraft.

Тоа што недостига се класични тркала, кои воопшто и не му се потребни на Supercraft, затоа што тој создава воздушен слој меѓу подот и подлогата, односно „лежи“ на воздушна перница. Предноста на овие возила е во тоа што можат да се движат лесно по која било подлога, без разлика дали се работи за песок, кал или мраз. Амфибијата е долга 4,32 метри, широка 2,16 и висока 1,22 метар. Внатре има место за само двајца патници, седнати едно зад друго, а останатиот простор е резервиран за техниката.

Погонот се состои од двоцилиндарски ванкел мотор со моќност од 61 КС, кој ги полни батериите со капацитет од 64 амперчасови. Од овие акумулатори се напојува електромоторот со моќност од 31 киловат. Американците тврдат дека возилото постигнува 56 km/h и со полни акумулатори минува близу 200 километри.

Каросеријата е изработена од карбон, а во кабината има пристојна доза на луксуз за двајцата патници. Зависно од намената, Mercier Jones испорачува неколку различни пакети, приспособени за пустина, мочуришта или за арктичките мразови. Најевтината изведба на Supercraft чини 75.000 долари, односно околу 55.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизајнерска екскурзија: BMW CS Vintage Concept

Големо, поголемо, најголемо: BMW го подготвува X7