Пред повеќе од десет години Mercedes го произведе првиот свој автомобил во Кина. Во меѓувреме, азиската земја стана најголем пазар за возилата на благородната марка во светот. Продукцијата во заедничката фабрика на Daimler и локалниот BAIC веќе достигна еден милион автомобили.
Во фабриката Beijing Benz Automotive Corporation или кусо BBAC е произведен милионитиот автомобил. Заедничката компанија на Daimler и кинескиот партнер BAIC произведува автомобили подолго од десет години. Во 2015 година Кина стана најголем пазар за автомобилите на Mercedes Benz. Според шефот на марката Mercedes за Кина, Хубертус Троска, „фабриката се развива во една од најмодерните производствени капацитети во глобалната мрежа на Daimler“.
Славеничкиот автомобил е Mercedes E-Class. Во 2005 година, E-Class беше првиот автомобил што Mercedes го произведе локално. Од 2010 година во BBAC се произведува и специјална верзија на E-Class со продолжено меѓуоскино растојание. Mercedes очекува дека моделот со продолжена каросерија од новата генерација ќе постигне најголем раст во продажбата на марката на кинескиот пазар. Во првите десет месеци од годинава во Кина се продадоа повеќе примероци од E-Class отколку на било кој друг пазар во светот.
















