Mercedes без идеја: Пикап по пример на Volkswagen Amarok?

Тоа што може да се очекува од американски „кастом-воркс“ по нарачка на некој рапер, Mercedes сака да го направи сам. Пикап на база на класата V

BMW и Mercedes се во постојана битка за освојување нови сегменти на пазарот. Баварците имаат голем успех со новите ванови, Mercedes возвраќа со пикап. Ниту една премиум марка досега не се впуштила во овој „работен“ сегмент.

Табуата паѓаат постојано во битката меѓу премиум марките. BMW за првпат во историјата понуди ванови, коишто за изненадување минуваат одлично на пазарот. Целта е Баварците да го задржат првото место во продажбата на возила во премиум сегментот. Mercedes во последниве децениии е во постојан обид да го загрози веќе традиционалниот примат на BMW. Последнава идеја сепак може конечно да го наруши имиџот на марката од Штутгарт. Mercedes планира до крајот на деценијава да пушти пикап, којшто на пазарот треба да биде заедно со Volkswagen Amarok или Toyota Hilux.

Целта не е Северна Америка, туку Европа

Пикапот на Mercedes е повеќе замислен како трендовско возило отколку како работна машина и ќе се води како модел во програмата на комерцијални возила, кадешто моментно тронува класата V, како најголема луксузна лимузина на марката со ѕвездата. Без разлика во која програма ќе се води, новиот модел нема да биде наменет само за американскиот пазар, кадешто пикапите се најпродавана сорта воопшто. Залудно би било таму да се очекува симнување на Ford F-150 од престолот, на когошто се наоѓа веќе со децении. Напротив, Mercedes цели точно на европскиот пазар со уште неименуваниот пикап.

Освен европскиот и северноамериканскиот пазар, во игра се уште и Латинска Америка, Јужна Африка и Австралија. Фолкер Морнхинвег, шеф за вановите на Mercedes, смета дека во рамките на стратегијата за глобално присуство на неговите возила, „пикапот е совршено возило за проширување на нашата моделска понуда со новоконципиран модел на интернационалниот пазар.“

Можно е во развојот на пикапот да учествува и Renault

Како основа на пикапот ќе послужи верзијата на класата V со погон на сите тркала. Се размислува и за проширување на соработката со Renault, од којашто произлегуваат Citan и Smart, баазирани на Kangoo, односно Twingo. Но, прашањето е како на сето тоа ќе реагира Nissan, којшто со Navara веќе долго години е присутен на светскиот пазар.

Претходна објаваИма ли иднина за Top Gear? Лошите вести се најдобри вести
Следна објаваКолку чинат сообраќајните прекршоци во странство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here