Новата С-Класа на светска турнеја по повод 140-годишнината на Мерцедес-Бенц

Мерцедес-Бенц С-Класа како рок звезда, тргна на турнеја што опфаќа 140 одредишта ширум светот, во чест на 140-те години, откако Дајмлер го пушти првиот автомобил на планетата.

Голем потфат за големиот повод. Во чест на 140-годишнината од Дајмлер Моторкутче од 1886 година, од првото моторизирано возило во историјата, Мерцедес-Бенц, заедно со угледни клиентки и клиенти, фанови и заедници, појде на турнеја што опфаќа повеќе континенти.

Веднаш по светската премиера на новата С-Класа на 29-ти јануари 2026, три примероци од новата С-Класа појдоа на пат низ светот. Рутата е долга преку 50.000 километри, минува преку 6 континенти и го води конвојот до 140 избрани одредишта.

Тие се избрани според историското значење, сите тие одредишта се поврзуваат со моменти од историјата на Мерцедес-Бенц и на светот. Сепак се работи за историја долга 140 години.

Овој историски вреден потфат опфаќа легендарни рути, историски одредишта и светски метрополи, до коишто ќе патува конвојот на Мерцедес-Бенц. Одредени делници ќе бидат придружувани од олдтајмери, тековни модели и возила од локалните клиенти. На секое одредиште ќе се создава нова историја, ќе се спојуваат минатото, сегашнотста и иднината.

Турнејата завршува во октомври, и секако дека тоа ќе се одбележи во Штутгарт, градот на марката со сребрената ѕвезда, воедно место од коешто почна историјата на Мерцедес-Бенц.

Публиката ќе може да ја следи турнејата на друштвените мрежи и на веб страницата на Мерцедес-Бенц што е наменета за дружење со јавноста.

Новата Мерцедес-Бенц С-Класа вози во град без возач

 

Претходна објаваБМВ одбележа 40 години на фабриката во Регенсбург, рекорд за јубулејот
Следна објаваКиа најави три електрични модели на македонскиот пазар, што нуди „електричниот Спортаж“ ЕВ5?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here