Новиот Mercedes S-Class сликан со минимално маскирање

Новиот Mercedes S-Class сликан со минимално маскирање
Новиот Mercedes S-Class сликан со минимално маскирање

Знаменосецот на Mercedes и автомобил што отсекогаш го претставувал најдоброто од браншата во моментот, наскоро пристига во нова генерација. Дизајнот ја следи актуелната шема, внатрешноста е сменета радикално. Најголемите промени сепак ќе останат невидливи.

Седмата генерација на Mercedes S-Class првпат е фотографирана без камуфлажа во фабричкиот круг во близина на Штутгарт. Во дизајнот нема покрупни промени и новиот S-Class ќе го следи стилот на актуелната моделска понуда. Како за врвна понуда на марката со сребрената ѕвезда, лимузината има уште повпечатлива маска во споредба со претходникот, а светлата ја следат формата што ја воведе CLS.

Во кокпитот доминира вертикално поставениот и масивен средишен дисплеј, кој секако дека со технологијата и графиката ќе се разликува од тоа што во меѓувреме се нуди и во најдостапните автомобили на пазарот. Во S-Class ќе дебитира втората генерација на инфо-забавниот систем MBUX. Напредокот кај неа се однесува на смалувањето на бројот на физички команди – дури 27 прекинувачи од претходникот се сменети со функции што се достапни преку дисплеј, говорни команди или гестикулација. Покрај двата големи дисплеи, на задната клупа ќе стои на располагање и средишен дисплеј, преку кого ќе може да се пристапи до истите функции како од предните седишта, вклучувајќи и внесување одредиште за навигацијата.

Исто како со секоја генерација досега, со новата S-Class се означува почеток на нова ера за Mercedes

Во лимузината се очекува да пристигнат и неколку комплетно нови технологии, кои понатаму ќе се воведуваат во целата гама. Mercedes засега не открива детали околу тоа подрачје. Се очекува и натамошно усовршување на функциите на автопилотираното возење, како и унапредени системи за асистенција.

https://photos.app.goo.gl/wMKdimNaJKGxhyUp9

Првпат во историјата на моделот, Mercedes ќе нуди две различни каросериски изведби. Покрај стандардната верзија што ќе располага со плагин-хибриден погон, ќе постои и верзија со електричен погон и различно скроена каросерија, со нагласок на аеродинамичноста. Mercedes на тој начин ќе постави врв на класичната понуда, но во исто време и врв на понудата од електрични модели на подмарката EQ.

Додека стандардниот S-Class ќе започне со испорака веќе в година, EQS ќе следи во 2022 година. Тој ќе минува до 500 километри според новите норми и веројатно ќе се нуди и во верзија на AMG, којашто ќе биде и најсилен автомобил во понудата на концернот. Плагин-хибридите, пак, ќе минуваат до сто километри на струја, пред да се ангажира класичниот мотор. Посебно за комбинацијата со електромотор е развиен нов погон на сите тркала 4Matic.

Засега само се шпекулира дека Mercedes повеќе нема да го нуди S-Class во две различни должини на меѓуоскиното растојание, односно ќе биде достапна само една изведба, долга 5,28 метри.

EQS ќе користи различна платформа од S-Class. Додека класичната изведба се базира врз платформа MRA, електричната верзија првпат ќе ја користи архитектурата MEA, наменета само за возила со погон на струја. Понудата од погонски единици за S-Class ќе ја сочинуваат новите линиски шестцилиндарци (бензинец од 3,0 литри и дизел од 2,9 литри), како и 4,0-литарскиот V8 на AMG. Сите мотори ќе бидат комбинирани со електромотор во форма на диск, што се вградува во куќиштето на автоматскиот менувач.

Подвозјето ќе користи усовршена верзија на пневматската амортизација AirMatic+ со 48-волтна архитектура и можности слични со „танцувачкиот“ GLE. Дополнително ќе се користи камера што ќе го скенира патот и ќе ја подготвува реакцијата на амортизацијата уште пред тркалата да наидат на нерамнините.

https://photos.app.goo.gl/6esRNqSWqxTZAKu68

https://photos.app.goo.gl/qjVZ7MWVZTufV4x87

https://photos.app.goo.gl/x95qUd5v6FEmYJoS8

Во оваа капсула е кабината на новиот Mercedes S-Class

Mercedes S-Class 2020

Претходна објаваMitsubishi со најголем раст меѓу сите марки во Германија
Следна објаваЧитателите на „Off Road“ избираа теренци на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here