По денешното објавување на првичниот биланс од деловната 2023 година, на вработените во Мерцедес-Бенц ќе им биде исплатен бонус во висина од веројатно 7.300 евра. Тоа ќе биде нов рекорд.
Како благодарност за постигнатото и за вложувањето во минатата година, Мерцедес-Бенц повторно ќе го сподели успехот на компанијата со своите вработени. Висината на бонусот не зависи од категоријата на платата. Конечната сума ќе биде позната во март.
Бонусот е доброволна услуга на компанијата за околу 91.000 вработени со колективен договор во Германија. Истиот ќе биде исплатен заедно со платата за април.
Мерцедес-Бенц во 1997 година почна да им исплатува бонус на своите вработени под колективен договор.
















