за

Виетнамскиот производител и лани не постигна заработка

Виетнамски ВинФаст и 2023 година ја заврши со дебел минус. Компанијата уште се надева и за годинава планира да продаде 100.000 автомобили.

Единствената добра вест за виетнамскиот производител на електрични автомобили, што првенствено има за цел да ги освои САД, е тоа што загубата лани беше помала од преклани.

Единствениот производител на автомобили во Виетнам уште се надева на голема иднина иако и минатата година ја заврши во длабок минус. Големите надежи на Винфаст доаѓаат оттаму што виетнамската марка лани продаде 34.885 возила, што претставува раст од 374 проценти во споредба со ’22. Најголемиот дел од овие возила сепак се испорачани за една такси компанија, што е дел од Вингруп.

Компанијата во четвртиот квартал лани имаше загуба од 174 милиони долари. Тоа сепак е значително помалку отколку во истиот квартал во 2022 година, кога загубата изнесуваше 551,6 милиони долари.

Маржата на загубата на ниво на цела година се намали на минус 46 проценти, откако преклани таа достигна дури 82 проценти, кога секој произведен автомобил ја чинеше компанијата 82 проценти повеќе од трошоците за негово производство.

Прометот во последниот квартал порасна за 26 проценти, на 437 милиони долари, односно се зголеми за 91 процент за цела 2023 година, на 1,19 милијарда долари.

За 2024 година е планирано да се произведат 100.000 возила

Претседателката на надзорниот одбор Ле Ти Гу Туј е претпазлива со предвидувањата и не наведе датум, кога ВинФаст би можел да почне да работи со заработка. „Веќе гледаме позитивни знаци на важните пазари, како САД и Индонезија… Поради оваа динамика и заздравувањето на потрошувачкиот дух, за 2024 година поставуваме амбициозна дел да испорачаме 100.000 возила.“

Винфаст мина низ бурни времиња. Основачот и претседател Фам Нат Вуонг во јануари го презеде оперативното раководење со бизнисот како нов извршен директор. Дотогашната шефица Ле Ти Гу Туј беше назначена за претседателка на надзорниот одбор. Смена имаше и кај шефот за финансии.

Вуонг важи како најбогат човек во Виетнам и поседува конгломерат од компании од најразлични подрачја, вклучувајќи недвиожнини и здравство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Освежената Дачиа Спринг ќе биде „поевтина, но поубава“

Мерцедес ќе им исплати рекордни 7.300 евра бонус на вработените