за

Просечната плата на вработените во Стелантис надминува 70.000 евра годишно

Тоа што шефот на Стелантис за лани доби плата од преку 36 милиони долари, станува релативно кога ќе се земе предвид успехот на компанијата. И платите на вработените.

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, го водеше концернот до рекордна добивка во 2023 година.

Извршниот директор на концернот Стелантис, Португалецот Карлос Тавареш, беше соодветно награден за одличните постигнувања на производителот на автомобили на финансиско поле.

Вкупната плата на Тавареш за 2023 година порасна за 56 проценти и достигна 36,49 милиони евра, објави денес концернот на Пежо и Фиат.

Тавареш заработи 23,47 милиони евра во готовина и во заштитени акции во 2023 година, вклучувајќи награда за постигнатата пресвртница, односно за тоа што Тавареш го постигна во исполнувањето на поставените цели, во време кога автомобилската бранша се соочува со еден од најтешките периоди. Автомобилскиот концерн мора да ги следи случувањата на сите страни на светот, да развива технологија и да напредува со електрификација на својата понуда од возила.

Стелантис кажува дека концернот ја предводи браншата во поглед на финансиските резултати за првата половина од 2023 година. Откако е основана групацијата во 2021 година, со соединување на ПСА Групација и Фиат Крајслер, вредноста на акцииите растеше подобро од просекот на автомобилската индустрија.

Во текот на ланските преговори со Детроитската Тројка (Џенерал Моторс, Форд и Крајслер/Стелантис), синдикатот на работниците во автомобилската бранша упати остри критики кон платите на извршните директори на Џенерал Моторс, Форд Мотор и Стелантис, додека се бараше значително зголемување на надницата за работниците што се платени по час.

Форд и Џенерал Моторс не ги објавија платите на извршните директори за 2023 година. Во 2022 година, Мери Бара, шефица на Џенерал Моторс, заработи вкупно 29 милиони долари, додека нејзиниот колега од Форд, Џим Фарли, доби близу 21 милиони долари.

По здружените протести на работниците во „тројката“, синдикатот постигна договор за платата веднаш да е зоглеми за 11 проценти и основицата секоја година да се зголемува за 25 проценти до 2028 година. Се постигна и договор за највисоката плата да може да се заработи по само три години, место по осум години.

Помалку вработени, повисока плата

Стелантис објави дека просечната плата на вработените во 2023 година изнесувала 70.404 евра, што е за 9,4 проценти повеќе во споредба со 2022 година, кога таа изнезуваше 64.328 евра.

Соодносот меѓу вкупната плата на Тавареш и просечната плата на вработените изнесува 518, што е значително повеќе во споредба со 2022 година.

Концернот посочува дека причина за повисокиот сооднос е влијанието на исплатата на еднократната субвенција во 2021 година.

Производителот на автомобили понатаму наведува дека бројот на вработени го смалил за 5,2 проценти во 2023 година, и сега персоналот брои малку над 258.000 работници. Работната сила во Северна Америка се намалила од 88.835 вработени во 2022 на 81.341 вработени лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мерцедес ќе им исплати рекордни 7.300 евра бонус на вработените

Ауди ќе ја произведува наследничката на Ку 8 во Мексико