за

Ауди ќе ја произведува наследничката на Ку 8 во Мексико

Наследничката на електричната Ку 8 е-трон веројатно ќе се произведува во Мексико.

Ауди во 2018 година почна да го произведува Ку 8 е-трон во Брисел

Шефот за производство во Ауди, Герд Валкер, на автомобилската конференција што се одржува во Минхен, првпат соопшти дека моделот што ќе ја замени целосно електричната Ку 8 е-трон ќе се произведува во Мексико.

Герд Валкер, директор за производство во Ауди, на конференцијата во Минхен на којашто учествува менаџерскиот врв во автомобилската бранша, во своето излагање прикажа како ќе изгледа производството во Ауди во иднина. Директорот одговараше и на прашања од учесниците на конгресот.

На  фабриката на Ауди во Брисел ѝ се потребни нови модели што ќе се произведуваат по 2027 година. Наследниката на целосно електричната Ку 8 е-трон е веројатно дека од 2027 година ќе се произведува во Мексико, место како досега, во Белгија.

Во разговор со Буркхард Риринг, главен уредник и издавач на гласилото на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе, Валкер потврдил дека „наследничката на Ку 8 е-трон од 2027 година ќе ја произведуваме во Мексико. Тоа веќе е решено.“

Распоредот за производство на моделите од одделните марки се утврдува на ниво на целиот концерн, во т.н. „рунда за планирање“. Управата обично заседава наесен и решава за вакви клучни прашања, меѓутоа досега не е објавено дали управата решила за Ку 8 да се произведува во Мексико.

Ку 8 е-трон почна да се произведува во фабриката на Ауди во Брисел во 2018 година. Кон завршетокот на 2022 година, престижниот СУВ доби темелно моделско освежување. До летото 2023, според Ауди биле произведени околу 200.000 целосно електрични примероци од Ку 8 е-трон. Во тоа се вклучени и примероците од моделот што во почетокот се продаваа само како Ауди е-трон.

Во четвртиот квартал лани, Брисел почна да се подготвува за производство на Ку 4 е-трон. Можно е Брисел да преземе дел од продукцијата на најмалиот електричен модел на Ауди, од фабриката на концернот во Цвикау. Во моментов сепак не се користи таа можност, затоа што по укинувањето на субвенциите во Германија е нагло забавена побарувачката за Ку 4 е-трон.

Изгледите за фабриката во Брисел

Фабриката во Брисел му припаѓа на Фолксваген од 1970 година. Ауди ги презеде производствените хали во 2007 година. Уште е неизвесно што ќе се случува со фабриката, откако во 2027 година ќе заврши производството на Ку 8 е-трон, што е единствен модел таму. Ауди сепак нема да се откаже од белгиската фабрика. Мошне е веројатно дека таму ќе се произведуваат модели од останатите марки на концернот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Просечната плата на вработените во Стелантис надминува 70.000 евра годишно

Електричен Ситроен минува 1.000 километри побрзо од Рено и Фолксваген