за

Mercedes вети дека ќе биде уште поекслузивен и го исполнува тоа

Mercedes-Maybach изработи серија во крајно ограничен број примероци, именувана Haute Voiture и наменета за колекционери.

Mercedes-Maybach S-Class Haute Voiture е довршување на истоимениот концептен автомобил што беше прикажан во мај. Суштината на овој скапоцен и недостапен автомобил се состои во примената на најблагородни материјали и врвна занаетчиска изработка

Колекционерски примерок за посебни пригоди. Така производителот го опишува својот Mercedes-Maybach S-Klasse Haute Voiture. Тука не станува збор за надмоќ со коњски сили, туку за моќ во благородноста на автомобилот. Во споредба со концептниот автомобил што имаше премиера во мај, тука има фини зафати во уште неколку подрачја во дизајнот. Првото појавување на лимузината беше во Дубаи, на посебна свеченост, на 12-ти декември. Возилото беше прикажано пред ВИП-гости, избрани медиуми со светски глас и инфлуенсери, во продолжение на модна ревија на прочуената куќа Atelier Zuhra.

Скапоцената опрема и ексклузивните дизајнерски елементи прават Mercedes Maybach S Klasse Haute Voiture да биде еден од најекстравагантните модели што ги имаме создадено досега – таа претставува ‘Sophisticated Luxury’ во најчистата форма. Нашите клиенти имаат пристап до најзахтевен животен стил. Ние сакавме да укажеме на тоа, преку креирањето на апсолутно угледно возило и користењето материјали што досега не се видени во Mercedes Maybach“, вели Горден Вагенер, главен дизајнер на Mercedes-Benz Group AG

Серијата ќе се изработи во само 150 примероци. Таа го означува почетокот на новата филозофија на марката, којашто периодично ќе претставува строго лимитирани и ценети колекционерски модели.

Каросеријата е лакирана во комбинација од наутичко сина металик боја во горниот дел и светол розев тон во долното подрачје, со златен отсјај. Тркалата исто така се во наутичко сина металик боја. Посебна драматика се случува со амбиенталното осветлување по отворањето на вратите.

Внатрешноста ги применува боите од каросеријата, со додавање делови во кристално бела боја и опал бела боја. Главниот штос е во платното именувано „букле“, коешто е во сина, беж, розево златна и златна боја. Патосниците се од лен и мохер. Како што е ред во оваа посебна категорија автомобили, производителот има подготвено и посебен сет куфери што точно одговараат за возилото.

Maybach во салонот на Мак Аутостар има 141 ставка опрема

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Какво уште изненадување има да ни приреди Toyota Corolla?

volkswagen 7 модели Порше Македонија

Нова менаџерска постава во групацијата Volkswagen