Mercedes-Maybach EQS SUV е најблагородниот начин да се вози на струја

Mercedes-Maybach EQS SUV во најосновни црти се разликува од стандардниот модел на Mercedes-Benz по двобојната каросерија, по маската како за државничка лимузина и по целосната преработка на кабината. Тоа е само основата.

Mercedes-Benz го претстави првиот модел со целосно електричен погон од својата ултралуксузна марка Maybach, како најголема гордост на германската автомобилска индустрија. Додавањето на Maybach EQS SUV е во согласност со стратешката определба на Штутгарт, за уште повеќе да им се посвети на моделите од врвот во својата понуда.

Mercedes-Maybach EQS SUV ќе го доживее своето деби на претстојниот салон на автомобили во Шангај. Кина учествува со околу една половина во продажбата на Maybach, соооштува групацијата Mercedes-Benz.

Станува збор за целосно преработена изведба на Mercedes EQS SUV, со тоа што е додаден луксузен третман во секое подрачје во коешто тоа е изводливо. Петметарскиот СУВ со електричен погон им се придружува во понудата на Maybach на S-Class и на GLS.

„Целосно го менуваме луксузот на СУВ возилата на иднината“, порачува извршниот директор Ола Калениус.

Mercedes продаде 23.400 примероци под знакот на Maybach во минатата година, што е за 41 проценти повеќе во споредба со преклани. Во првиот квартал годинава, сегментот на моделите од врвната понуда на групацијата, во којашто влегуваат AMG, Maybach и G-Class, порасна за 18 проценти. Вкупно 91.800 примероци од најскапата понуда на Штутгарт се продадоа во првите три месеци. Наспроти тоа, продажбата на сите возила од групацијата порасна за само 3 проценти.

Останатите луксузни марки се во подготовки или веќе ги имаат лансирано своите први модели со целосно електричен погон. Купето Rolls-Royce Spectre се очекува да стартува на сцената кон завршетокот на годината. Bentley го најавува својот прв модел со целосно електричен погон за 2026 година.

Изведбата на EQS SUV под знакот на Maybach ќе се произведува покрај стандардниот Mercedes EQS во фабриката на германската марка во Венс, Алабама/САД.

Меѓу највпечатливите обележја на Maybach EQS е маската со вертикални хромирани лајсни врз црна заднина. Светлосна лента минува над маската што ја има задолжителната хромирана плочка, со името Maybach напишано на неа.

Кованите алу-тркала имаат пречник од 21, односно 22 инчи, со дизајн што е единствен за марката и за моделот. Двобојната каросерија е стандард што се провлекува низ целата историја на марката. Цените не се објавени, но тоа е сосем нерелевантно, покрај фактот што купувачите на Maybach секогаш имаат посебни желби и барања, за што плаќаат вредност на уште два три обични автомобили.

Кокпитот со три дисплеи по целата ширина е преземен од EQS, вклучувајќи и посебен дисплеј за совозачот. Анимациите што се прикажуваат при вклучувањето исто така се посебни за Maybach. За начинот на прикажување на содржината во дисплеите може да се избира меѓу трите можности – дискретно, спортски и Maybach. Рамката околу инструментите е облагородена со розе злато.

Ултра-комфорно сместување за патниците на задната клупа

Патниците на задните седишта имаат на располагање по еден дисплеј од 11,6 инчи зад секое предно седиште. Со доплата за просторот да се облагороди за прва класа, средишното седиште се отстранува, а средишната конзола продолжува наназад и се провлекува меѓу двете седишта.

Седиштата стандардно се обложени со најблагородна напа кожа, што е бојадисана со користење лушпи од кафе, место хемикалии. Mercedes цени дека со воведувањето на природните материјали, како што се кожа и дрво, се „создава стилски контраст“ со надворешниот изглед на возилото, што оддава висока технологија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-Benz (@mercedesbenz)

Mercedes-Maybach EQS 680 SUV располага со моќност од 484 киловати, односно 658 КС, од двата електромотори, по еден на секоја оска. Спринтот до темпо сто трае 4,4 секунди. Фабриката пријавува досег од 600 километри. Големината на батеријата не се соопштува, но за споредба Mercedes EQS SUV поседува батерија од 107,8 киловатчасови. Потрошувачката на електрична енергија се движи меѓу 22,5 и 24,4 kWh/100 km, што е мошне ниска вредност, имајќи ја предвид масата на возилото.

Пневматска суспензија и управувана задна оска се стандард. Оската помага да се зголеми управливоста при возење по отворен пат, додека во град таа придонесува за значително да се скуси кругот на вртење, на само 11 метри. Тоа е вредност како на автомобил од компакт класа.

Инженерите на Mercedes додадоа посебна програма за возење, што е наменета за патниците на задната клупа да се чувствуваат најудобно. Според Mercedes, со таа програма се обезбедува дека „каросеријата се движи минимално“.

Главните технички податоци на Mercedes-Maybach EQS 680 SUV

EQS 680 SUV
Drive system and battery 
Drive All-wheel drive
E-motors Type Two permanently excited synchronous motors (PSM)
Output[2]  kW 484
Torque Nm 950
Rated voltage volts 396
Onboard charger kW 22 (USA: 9.6)
AC charging time, three-phase 22 kW h 6,15 (USA: 12,45)
DC charging capacity max. kW 200
DC charging time at fast charging stations[3] min 31
DC charging: range after 15 minutes[4] (WLTP) km Up to 220
Acceleration 0-100 km/h s 4.4
Top speed km/h 210
Vehicle
Length/width/height mm 5,125/2,034/1,721
Length/width/height (USA) mm 5,125/2,034/1,725
Wheelbase mm 3,210
Turning circle with rear-axle steering 4,5°/10° m 11.9/11.0
Luggage capacity VDA L 440
Consumption and range 
Combined power consumption (provisional values)[5]  kWh/
100 km
24.4-22.5
Combined COemissions (provisional values)5 g/km 0
Range (provisional values)5 km up to 600

 

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV

Претходна објаваВо овој автомобил на Lancia се крие формата на идните Ypsilon и Delta
Следна објаваVW го планира електричниот ID.7 за компании и возачи на долги релации

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here