Chevrolet Stingray што Сер Клиф Ричардс го купил во 1963 година, во екот на неговата музичка кариера и Mercedes 280 SE на поп-сензација Лулу, одат на наддавање во почетокот на ноември. За овие историски важни автомобили се очекува да достигнат цена од 50.000, односно 70.000 фунти.
Британската аукциска куќа Силверстоун во почетокот на следниот месец ќе стави на наддавање два автомобили од светски музички ѕвезди. Corvette Stingray, купен на ново од британската поп легенда Сер Клиф Ричард во 1963 година и Mercedes-Benz 280 SE 3.8 Coupe од 1971 година, од возниот парк на британската поп сензација Лулу, ќе добијат нови сопственици на наддавањето што ќе се одржува во рамките на Салонот на олдтајмери Ланкастер на 9-ти и 10-ти ноември.
https://photos.app.goo.gl/97TBTodZbz5D9Mje6
Сер Клиф Ричардс има возено многубројни американски автомобили, а се претпоставува дека ова е четврта Corvette во негова сопсвеност, пред тој да ја продаде во 1965 година. Постојат многубројни фотографии на коишто музичката ѕвезда е овековечена со автомобилот. Corvette има поминато 69.000 километри, се очекува автомобилот на наддавањето да достигне цена од 50.000 фунти.
Лулу е пејачката на прочуената „The Man With The Golden Gun“ од истоимениот филм со Џејмс Бонд
Вториот „ѕвезден“ автомобил привлчекува внимание и без знаењето дека претходно бил во сопственост на светска музичка звезда. Станува збор за Mercedes-Benz од 1971 година, купен од Лулу, којашто ја освојува светската поп-сцена во средината на 1960-те со синглот „Shout“, а потоа ja претставува Велика Британија на Евровизија.

Лулу го продала автомобилот по три години на арапски бизнисмен, а потоа следи уште една промена на сопственост, кај ентузијаст кој го задржува автомобилот во следните 38 години. Двата автомобили се во беспрекорна состојба. За црвениот Mercedes 280 SE се очекува цена меѓу 65.000 и 75.000 фунти.
















