Умешноста на бизнисот обично се состои во тоа да се препознае празнина на пазарот. Комбе со спојлери и убави бандажи можеби изгледа како луда идеја, но е факт дека во пазарот нема многу понуди во тој дел. Тоа се менува
Името Hartmann отсега е прва адреса за сите возачи на модел од товарната програма на Mercedes, кои сакаат од својот автомобил да направат нешто посебно. Специјализираната тјунерска работилница за комбињата со сребрена ѕвезда – за пикапот X-Class исто така – претходно го привлече вниманието на сцената со своите стилски преработки на V-Class и Vito. Логичен следен чекор е најголемиот модел, Sprinter.
Моментно се нуди комплет спојлери и прагови само за верзијата со заден погон. Спортскиот стил е достапен за сите каросериски изведби на доставното возило, за сите варијанти на меѓусокино растојание меѓу 3.665 и 4.325 милиметри, вклучувајќи ја и изведбата со продолжен опаш.
Избор од десетина дизајни на бандажи и пречник до 20 инчи
Вистинскиот спортски печат следи дури со алуминиумските бандажи, кои се нудат во десетина дизајни и со пречник од 18, 19 и 20 инчи. Издувни цевки од благороден челик, алу-педали, спортски пружини за спуштање и теренски пружини за подигнување, пневматска амортизација, сето тоа може да се нарача и за Mercedes Sprinter и компанија. Дополнително се нуди и генератор на звук на V8, украсни лајсни и плочи за кабината, скапи патосници, кожени облоги за седиштата. Вистински рај за секој сопственик на комбе.
И цените се погодени. Комплет преден браник, со спојлери и со магленки со диодна техника чини 2.375,05 евра, проширени прагови чинат уште илјада евра. Специјално за Sprinter се нуди и конференциска маса за четворица, со фиока и во комбинација со соодветни патосници.
Вистина, има нешто посебно во тјунингот на овие комбиња.
https://www.facebook.com/Vansports.de/videos/2251729761752402/
Топ 10 Најбрзи патнички комбиња: Темпо 200 и спринт за девет секунди
Ова е Mercedes Sprinter од иднината: Со погон на струја, автономен и во мрежа
Bosch нуди изнајмување електрични комбиња во хоби-маркети
MAN го закачи логото и на доставно комбе: VW Crafter станува MAN TGE

















