за

Јубилеи на Мерцедес во 2024 година: Четири децении на 124-ка, 70 години СЛ

Марка со голема историја е како големо семејство, секогаш има нешто да се слави: Мерцедес в година одбележува јубилеи на родстерот СЛ, на легендата 124, па и 130 години од првата трка.

Мерцедес-Бенц Класик, одделението што ги води сите историски моменти на марката со сребрената ѕвезда, со музеите и со збирката од непроценливи автомобили од минатото, ги објави најважните јубилеи што ќе се одбележат во 2024 година.

6-ти до 14-ти февруари 1954 (пред 70 години): Мерцедес-Бенц 190 СЛ (В 121) и 300 СЛ „Галвинг“ (В 198) дебитираа на салонот за мотоспорт во Њујорк.

8-ми до 18-ти март 1934 (пред 90 години): Премиера на Мерцедес-Бенц 500 К (В 29) со осумцилиндарски мотор со механички компресор, на салонот на автомобили во Берлин.

11-ти до 21-ви март 1999 (пред 25 години): Деби на Мерцедес-Бенц ЦЛ-Класа (Ц 215) на салонот во ЖеневаSalon. Тоа е прв сериски автомобил со активна контрола на каросеријата (АБЦ).

Април 1894 (пред 130 години): Бенц го претстави мотор-велоципед („Вело“). Тоа е првиот сериски автомобил во светот. До 1901 се произведени 1.200 примероци.

27-ми април 1924 (пред 100 години): Кристијан Вернер со Мерцедес 2-Литер-Ренваген победува на Тарга Фиорио и Копа Фиорио.

12-ти мај 1984 (пред 40 години): Трка на 20 возила Мерцедес-Бенц 190 Е 2.3-16 (В 201) го означува отворањето на новата тркачка патека за формула 1 на Нирбургринг. Победи Аиртон Сена.

3-ту јуни 1934 (пред 90 години): Почнува ерата на Сребрените стрели со премиерата и победата на тркачкиот автомобил Мерцедес-Бенц В 25 на меѓународната трка на Нирбургринг.

4-ти јули 1954 (пред 70 години): Прв старт на сребрените стрели Мерцедес-Бенц В 196 Р во формула 1, и двојна победа во Реим (Хуан Мануел Фанџо/Карл Клинг) на трката за Големата Награда на Франција.

22-ри јули 1894 (пред 130 години): Натпреварот Париз-Руен е прва автомобилска трка во светот. Главната награда ја освојуваат возиола со мотор по лиценца на Дајмлер.

26-ти ноември 1984 (пред 40 години): Мерцедес-Бенц од моделската серија 124 е претставен пред новинарите на настан во Севиља. Од 1993 година, моделот станува Е-Класа.

10-ти до 18-ти декември 1924 (пред 100 години): Премиера на Мерцедес 15/70/ПС и 24/100/140 ПС како модели од луксузна класа со компресорско натполнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota c-hr 2020

Тојота Ц-ХР е најпродаван модел на македонскиот пазар во октомври, Тојота прва марка

Дупка во буџетот ја остави Германија без субвенции за електрични автомобили