за

Тојота Ц-ХР е најпродаван модел на македонскиот пазар во октомври, Тојота прва марка

По првите десет месеци е сосем извесно дека македонскиот пазар ќе ја заокружи годинава со преку 5.000 продадени нови патнички автомобили и доставни возила.

toyota c-hr 2020
Исто како што пристигна на пазарот, така се подготвува и за наследничката, впечатливо. Тојота Ц-ХР беше најпродаван модел во октомври. Корола е блиску.

Шампионите во октомвриската продажба на домашниот пазар се Тојота Ц-ХР, како најпродаван модел, и повторно Тојота, како најпродавана марка. Двократен шампион. Во очигледно делотворна кампања, со којашто ја подготвува смената на генерациите, македонскиот увозник на Тојота го донесе својот купе-кросовер Ц-ХР до врвот на продажбата во октомври.

Не е исклучено уште едно изненадување од Ц-ХР, откако ќе се комплетираат и податоците за ноемвриската, а потоа и за декемвриската продажба. Купе-кросоверот што практично го означи новиот бран модели на Тојота, како во поглед на дизајнот, така и во техниката – во двата случаи со нагласок на емоциите – најави возбудлива завршница и во септември, кога беше 4-ти најпродаван модел.

Со продадени 19 примероци, Ц-ХР го дели првото место со Шкода Камик, најмалиот СУВ на чешката марка. Во првите десет месеци, Порше Македонија испорача 143 примероци од Камик на македонскиот пазар, и со тоа го донесе моделот блиску до најпродаваните модели на пазарот на приватни купувачи.

За насловот најпродавани модели годинава се натпреваруваат Тојота Корола со 182 примероци до октомври, потоа следат Киа Спортаж (164), Ситроен Ц3 (150) и Фолксваген Поло (145).

Фиат Дукато е трето најпродавано возило во октомври, со 16 примероци, исто колку Корола. Јасно е дека станува збор за службена набавка и тоа е уште еден успех на Аутомобиле СК.

Дачија Дастер е на шестото место со 10 продадени примероци. Романците потврдија дека актуелниот модел ќе го продаваат уште извесно време заедно со моделот од новата генерација, од којашто се очекува да биде и поскапа.

Најпродавани модели на македонскиот пазар во октомври 2023

Модел

Октомври ’23

Јан-Окт. ’23

1 Тојота Ц-ХР 19 н.п.
1 Шкода Камик 19 143
3 Фиат Дукато 16 н.п.
3 Тојота Корола 16 182
5 Хјундаи Тусон 12 н.п.
6 Дачиа Дастер 10 н.п.
7 Ситроен Ц4 9 92
8 Ситроен Ц3 8 150
8 Фиат Панда 8 н.п.
8 Киа Спортаж 8 164
11 ФВ Поло 7 145
Рено Клио 6 142
Шкода Скала 5 124

Ситроен Ц4 ја продолжува традицијата на оваа моделска серија на француската марка и во октомври биле регистрирани 9 примероци, односно вкупно 92 во првите десет месеци.

Одлична позиција и за Фиат Панда, којашто како одненадеж да почна да потсетува на вредностите на автомобил од класата, во време кога економијата забавува и притиска инфлацијата.

Киа Спортаж е стандардна големина и 8-то место во октомври не го менува фактот што компактниот СУВ е ја заврши годината во Топ 3. Во меѓувреме Киа почна со продажба и на славеничкото издание за 30-годишнината, којашто нуди уште повисока противвредност од стандардните модели, а има и посебен стилски печат. Уште се помни успехот на Блек-серијата од претходничката, од којашто буквално се бараше примерок повеќе.

Најпродавани марки патнички автомобили во октомври 2023 на македонскиот пазар:

  • Тојота: 50 возила
  • Шкода: 40 возила
  • Хјундаи: 23 возила
  • Фолксваген: 21 возила
  • Рено: 18 возила
  • Ауди: 15 возила
  • Киа: 15 возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алфа Ромео ќе ја заврши 2023 со маржа од „неколку стотини милиони евра“

Јубилеи на Мерцедес во 2024 година: Четири децении на 124-ка, 70 години СЛ