за

Mercedes не дава поддршка за синтетските горива

Mercedes не дава поддршка за синтетските горива
Mercedes не дава поддршка за синтетските горива

Користењето синтетски горива во моторите на Mercedes во блиска иднина, не е опција за шефот за развој Маркус Шефер. Место тоа, германската компанија вложува во електричниот погон.

Повеќе производители на автомобили, меѓу кои Volkswagen и Mazda, продолжуваат да вложуваат во развојот на синтетски горива, кои во блиска иднина би требало да ги заменат бензинот и дизелот од фосилно потекло. Наспроти тоа, Mercedes ги исклучува овие горива од актуелните проекти во своето одделение за истражување и развој.

Првиот човек во развојот на техника во Штутгарт, Маркус Шефер, открива дека Mercedes му дава јасно предимство на електричниот погон: „Кога развиваме нови платформи, прво го земаме предвид електричниот погон“.

Шефер: Ако постои почиста енергија, тогаш авијацијата ќе реагира прва, а потоа ќе минат уште најмалку десет години, за таа да почне да се применува и во автомобилите

Шефер ја образложува одлуката на ниво на концернот: „Доколку располагате со изобилство енергија, најдобро е таа да се искористи на тој начин што ќе ја складирате во батерија. Трансформацијата на зелена енергија во синтетско гориво е процес во којшто се губи многу од ефикасноста.“ Доколку некоја индустрија треба прва да реагира, во случај да постои почиста технологија, тоа ќе биде авијацијата, посочува германскиот шеф. „Многу, многу подоцна – а не гледам дека тоа би се случило во следните 10 години – таа ќе почне да се применува и во автомобилската индустрија.“

Mazda истражува со течни горива што ќе се добиваат од микроалги, додека McLaren бара синтетско гориво што ќе биде неутрално во поглед на емисијата на СО2. Audi постигна голем напредок и во 2018 година произведе бензин и дизел заради тестирање, меѓутоа концернот Volkswagen веќе инвестира масивно во електричниот погон.

>>> Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја

audi e-benzin sintetsko gorivo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi RS5 Sportback FL

Audi RS 5 со 450 КС мора да изгледа убаво

Bentley Continental

Колку чини дополнителната опрема во Bentley?