Мерцедес се приклучи во тужбата на Гили против царините за кинески ЕВ во Унијата

Нова генерација на Мерцедес ЦЛА наскоро почнува со продажба

Германскиот производител го поддржува својот кинески партнер во тужбата против царините што досегаат до 45 проценти, сооопшти претставник од компанијата.

Тесла и БМВ исто така поднесоа тужби против Европската Комисија.

Директорите во европските автомобилски компании предупредија дека царините ќе доведат до зголемување на цените и ќе ги нарушат трговските односи. Мерцедес и Гили заеднички произведуваат автомобили од марката Смарт во Кина.

Автомобилите во моментов се соочуваат со царини во висина од близу 20 проценти, што ја оптоваруваат нивната продажна цена во Европа.

ЕУ ги воведе царините во минатата година, откако истрагата покажа дека Кина недозволиво ја потпомагала автомобилската индустрија со високи субвенции. Преговорите што се водеа со месеци пропаднаа и не се најде решение да се надмине трговскиот спор, поради што Брисел реши да воведе дополнителни давачки покрај постоечката царина од 10 проценти.

ЕУ постигна само мал напредок во преговорите со Кина, за да се изнајде задоволително решение што ќе ги замени царините за електричните автомобили.

Златен Мерцедес во Мак Аутостар, еден од сто

Претходна објаваФиат ги објави цените за Гранде Панда, подостапни и од Ситроен Ц3
Следна објаваЏагјуар Ланд Ровер со рекордна добивка откако САД ја заменија Кина како најголем пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here