Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името

Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името
Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името

Пазарот на СУВ-модели веќе одамна е непрегледен поради изобилството од понуди и гласни ветувања за теренски способности. Моделското освежување на Mercedes G-Class е како коректор, кој треба да ја потсети сцената дека „G“ доаѓа од Geländewagen, од теренски автомобил.

Од 1-ви септември, секоја моделска изведба на иконскиот теренец Mercedes G-Class добива побогата сериска опрема и нуди повеќе можности да се стави личен печат. Има нови каросериски бои, исто како и нови пакети од опрема. G-Class стандардно ќе се испорачува со кокпит со два големи дисплеи под заедничко стакло.

Најголемиот новитет е тоа што изведбата G 400 d отсега може да се конфигурира по желба и достапна е повеќе пазари. Во оваа најсилна изведба со дизел мотор, трилитарскиот шестцилиндарец во линија ослободува 330 КС и вртежен момент од 700 Nm меѓу 1.200 и 3.200 вртежи.

Од новините во функциите, тука е програмата за возење „Desert“. Таа се избира преку Dynamic Select и наменета е за максимална тракција на песоклив терен. Преносот подоцна префрлува во повисок степен, гаста реагира подиректно, контролата на стабилноста исто така дејствува посебно за возење по песок. Уште една новина е задната камера, што сега е дел од стандардната опрема.

Ексклузивно за пакетот AMG Line се наменети бандажите од 20 инчи со пет двојни краци, по желба полирани до висок сјај или во сива боја

Стандардната опрема го вклучува пионерскиот „widescreen“ на марката, исто како и ретровизор без рамка или црни патосници. Од опциите, може да се нарача прекинувачи за прозорците во сребрен финиш или штитници за сонце со микрофибер. Посебно внимание е посветено на системите за сигурност под името Urban Guard, кои меѓу другото вклучуваат и лоцирање на украдено возило.

Mercedes G-Class на македонскиот пазар стартува од 125.000 евра за G 350 d со трилитарски дизел со 286 КС, по него следи G 400 d со 330 КС и цена од 129.990 евра. Бензинската фракција е тоа што ужива особена популарност: G 500 со четирилитарски битурбо V8 со 421 КС, во понудата на Мак Аутостар почнува од 139.990 евра. Но, тоа уште не е врвот. Тој следи во форма на G 63 AMG со V8 со 585 КС и цена од 204.700 евра.

Трите нови каросериски бои се класична сива, темно зелена и кинеско сина, сите дело на специјалистите од „G manufaktur“. Тоа се бои што се користеа уште во легендарниот G-Class пред 40 години

https://photos.app.goo.gl/4JLxe1tgCMMhZF2GA

>>> Mercedes GLB е најмладиот брат на G-Class: Почнува продажбата

Претходна објаваВозачите на електричен Volkswagen со пристап до 150k полначи
Следна објаваPorsche Taycan ќе добие кросовер-изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here