за

Mercedes G-Class: Расте продажбата на теренскиот олдтајмер

Австриската фабрика од која што доаѓа класата G ги зголеми производствените капацитети за да излезе во пресрет на големиот интерес за моделот. Од 2009 година, продажбата порасна за трипати.

Фабриката на Magna Steyr во близина на Грац ја произведува класата G уште откако моделот се појави во 1979 година. Во текот на летните месеци беше доста раздвижено во фабриката. Поради растечкиот интерес на пазарот за теренскиот олдтајмер на Mercedes, Австријците ги модернизираа погоните и дополнително ги проширија.

Во минатата година Mercedes продаде 9.000 примероци од класичниот теренец кој што последен пат беше освежен во 2012 година. Тоа се 35 проценти повеќе отколку во претходната година. Од 1979 година, класата G се продаде во вкупно 230.000 примероци.

Последен модел во гамата на теренецот е G63 AMG 6×6. Теренецот со три оски вози со 5,5-литарски мотор V8 со битурбо натполнење и моќност од 544 КС. Оваа екстремна изведба на класата G тежи речиси четири тони. Производството на моделот 6х6 ќе започне во октомври, во ексклузивна серија. Поинаку и не може, монструмот со погон на сите шест тркала чини преку 450.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Казна од 740 милиони USD за добавувачи на авто индустријата

Возачите на Honda и Toyota се најзадоволни од сервисите