за

Mercedes испорача 150 примероци од електричниот eSprinter

Возниот парк на компанијата DPD, за достава од врата до врата, збогатен е со 150 примероци од Mercedes eSprinter, изведба на познатото доставно возило со електричен погон.

По успешното тестирање на неколку примероци од електричниот Mercedes-Benz eSprinter, што ги вклучи во својот возенпарк во 2020 година, германската компанија за логистика DPD сега буквално вклучи уште 150 примероци од електричното доставно возило во служба за достава на пакети.

Компаниите од логистиката ставаат сé поголем нагласок на електрификацијата на своите возни паркови. Чистиот и тивок погон на струја е добредојден да врши достава на пакети, особено во густо населените подрачја.

Mercedes‑Benz eSprinter врши достава во градските подрачја, без проблеми околу досегот и времетраењето на полнењето, затоа што компаниите од логистиката точно ја утврдуваат рутата по којашто се движат нивните електрични возила. Логистичарите можат точно да пресметаат дека возилата ќе ја минат дневната или можеби повеќедневната рута, без потреба од полнење на батеријата.

Полнењето на батеријата на Mercedes-Benz eSprinter во служба на достава на пакети од врата до врата обично се врши во депоа. Честите запирања и поаѓања, како и мирувањето во градскиот метеж, воопшто не претставуваат проблем за електричниот погон, како што тоа е случај со возилата со обичен погон. Рутите што се минуваат во достава низ градот обично можат да се покријат со само едно полнење на батеријата, така што нема потреба возилата во текот на работното време да се приклучуваат повторно на полнач.

Германската кoмпанија DPD уште од почетокот на 2020 година користи исклучиво енергија од обновливи извори. Возилата ќе се користат во центрите во Хамбург, Есен и Нирнберг

Mercedes-Benz eSprinter во фургонска изведба со повишен покрив располага со дозволена носивост до 3.500 килограми. Батеријата во испорачаните возила за DPD е со капацитет од 47 kWh, што дозволува досег меѓу 128 и 158 km. Тоа е големината што компанијата проценила дека ќе биде доволна. Секако може да се нарача и поголема батерија, што соодветно чини повеќе. Кога се работи за 150 возила, секако дека било важно да се направи најпрецизна математика и да се најде оптималниот сооднос меѓу цената на возилото и досегот на батеријата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Носивоста изнесува 849 килограми. При користење брз полнач со еднонасочна струја, полнењето од 10 до 80% се врши за само 25 минути. Зафатнината на товарниот простор од 11 m3 е иста како кај верзиите со стандарден погон. Батериите се вградени во подот и не одземаат корисен простор. Електромотор од 85 kW (115 КС) и 295 Nm ги движи предните тркала.

DPD во Германија има 79 депоа и 7.500 локации за предавање пакети. Компанијата вработува 9.500 лица во организацијата и 13.000 лица во доставата на пакети. Годишно се врши достава на преку 400 милиони пакети.

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричните автомобили не се поштедени: Полначите на Tesla поскапеа

Италија со 6.000 евра субвенции за електрични автомобили