Италија со 6.000 евра субвенции за електрични автомобили

Италијанската држава го поддржува сопственото автомобилско производство и на граѓаните ќе им го олесни купувањето електрични автомобили преку субвенции во висина до 6.000 евра.

Рим до 2030 година ќе издвои вкупно 8,7 милијарди евра за поддршка на сопственото производство на автомобили. Само за годинава се предвидени околу 700 милиони евра.

Субвенција во висина до 6.000 евра ќе им следи на купувачите на електрични автомобили што чинат до 35.000 евра. Во субвенцијата се вклучени и 2.000 евра за замена на старите автомобили со мотор со внатрешно согорување.

За приклучни хибриди со цена до 45.000 евра исто така ќе следи субвенција, во висина до 2.500 евра. Дури и за купување нов автомобил со обичен мотор со внатрешно согорување што ја исполнува нормата Euro 6 ќе следи субвенција во висина од 1.250 евра, при давање на стариот автомобил во отпад.

Peugeot ги почнува лавовските денови во Германија, субвенции до 10.000 евра за електричните

Претходна објаваMercedes испорача 150 примероци од електричниот eSprinter
Следна објаваVolkswagen ID. Buzz: Историјата од ново, електрична

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here