Во понеделникот во Германија започна новата продажна кампања во рамките на традиционалните лавовски денови на Peugeot, којашто годинава им е посветена на електричните и хибридните модели.
Во рамките на новата продажна кампања на Peugeot на најголемиот автомобилски пазар во Европа, купувачите добиваат вкупна субвенција што е повисока за 1.000 евра од редовната субвенција за електрични автомобили. Од кампањата најмногу ќе искористат купувачите на моделите со приклучен хибриден погон. Субвенциите за овие модели се пониски во споредба со чисто електричните модели. Сега и за приклучните хибриди важи полната субвенција.
Германија ја поттикнува продажбата на автомобили на струја со масивни субвенции, за коишто досега се исплатени околу 4,6 милијарди евра. Субвенцијата се состои од дел на државата, којашто учествува со 6.000 евра во цената на електричните возила, додека дилерите субвенционираат 3.000 евра. За приклучните хибриди следи помош при купување во висина од 7.500 евра. Кампањата на Peugeot во Германија го менува тоа и се овозможува иста висина на субвенцијата и за чисто електричните и за приклучните хибридни модели.
Во рамките на кампањата, Peugeot го зголемува и дилерскиот удел за илјада евра, така што се заокружува вредност од 10.000 евра, што е уште поуверлива за купувачите. Во јануари во земјата се продадени 20.892 чисто електрични модели од сите марки и уште 18.900 модели со приклучен хибриден погон. Нивниот удел соодветно изнесува 11,3%, односно 10,3 проценти во јануари.
Кадар од нашето тест-возење на електричниот Peugeot e-208, со којшто возевме во Мариово, до Градешница, како доказ дека нема причина за стравување од досегот

Хаико ван дер Лујт, директор на Peugeot во Германија: „Лавовските денови на Peugeot им нудат совршена можност на сите клиентки и кленти, што подолго време размислуваат за купување електричен модел. Во богатата понуда од модели на лавовската марка се наоѓа вистинскиот модел за секоја потреба. Од градски автомобил до ван, возилата на Peugeot се опремени со најсовремени системи за асистенција и овозможуваат безбедно возење, како во центарот на градовите, така и на подолги патувања по автопат.“
Продажба на модели на Peugeot во Германија во јануари, по видови погон
Вкупно |
дизел |
хибрид |
електро |
4х4 |
|
| 108 | 86 | – | – | – | – |
| 208 | 1,316 | 21 | – | 579 | – |
| 308 | 224 | 89 | 90 | – | – |
| 508 | 106 | 40 | 62 | – | 15 |
| 2008 | 810 | 60 | – | 452 | – |
| 3008 | 798 | 107 | 588 | – | 106 |
| 5008 | 298 | 208 | – | – | – |
| BOXER | 43 | 43 | – | – | / |
| EXPERT | 103 | 87 | – | 16 | – |
| RIFTER | 80 | 29 | – | 31 | – |
| Вкупно | 3,864 | 684 | 740 | 1,078 | 123 |
Купувачите на возило во германската кампања дополнително добиваат и гаранција дека возилото ќе им биде испорачано во текот на 2022 година.
Понудата од електрични и приклучни хибриди на Peugeot се состои од:
PEUGEOT e-208
PEUGEOT e-2008
PEUGEOT 308 HYBRID
PEUGEOT 308 HYBRID 225 e-EAT8
PEUGEOT 308 SW HYBRID
PEUGEOT 308 SW HYBRID 225 e-EAT8
PEUGEOT 3008 HYBRID
PEUGEOT 3008 HYBRID4
PEUGEOT 508 HYBRID
PEUGEOT 508 SW HYBRID
PEUGEOT 508 PSE
PEUGEOT e-Rifter
PEUGEOT e-Traveller
















