Шведската марка гледа подобрување во испораката на компоненти од добавувачите, што се забележува и во продукцијата што се зголемува од месец во месец. Бројките на Volvo уште се во минус, меѓутоа постојат изгледи дека наскоро ќе се врати поранешното ниво на продукција. Роковите на испорака се оддолжени обично за 2 до 3 месеци.
Тесното грло во снабдувањето со полупроводници и натаму го ограничува производството на автомобили во Volvo и во целата автомобилска индустрија. Од шведската марка веќе посочуваат и дека од воените случувања во Украина се очекува да имаат негативно влијание врз снабдувањето со компоненти. Воените конфликти предизвикуваат проблеми во транспортот и во економската активност во соседните региони.
Моделите со приклучок за полнење на батеријата, односно тоа се моделите од потсемејството Recharge, учествувале со 33 проценти во вкупната продажба на Volvo во февруари. Чисто електричните автомобили напредувале со 229,5 проценти во продажбата и учествувале со 7,9 проценти во февруарскиот пазар на марката.
Во првите два месеци, Volvo Cars има продадено 89.628 автомобили, што е за 18,8 проценти под ланскиот резултат. Моделите Recharge напредувале за 7 проценти и во двата месеци учествуваат со 32,3 проценти во продажбата. За чисто електричните модели, уделот во јануари и февруари изнесува 7,2 проценти, со продажба зголемена за 174,9 проценти.
Европската продажба во февруари е намалена за 18,6 проценти, со вкупно 19,512 автомобили. Моделите Recharge тука сочинуваат повеќе од половина од пазарот. Во првите два месеци, во Европа се продадени 38.203 возила, за 21,8% под истиот период лани. Кина исто така бележи пад од 13,8 проценти и 8.691 продадени возила во февруари. САД следат со 6.219 возила (-32,1%).
Најпродаван модел во февруари е XC60 со 13.503 возила (2021: 14.463 возила), пред XC40 со 12,611 возила (2021: 15.818 возила) и пред престижниот XC90 со продадени 5.582 примероци (2021: 6.808 примероци).
Продажба на Volvo во февруари 2022 по модели
| Модел | Февруари 2022 | % | 2022 | % |
| C40 | 1,007 | 100.0 % | 2,009 | 100.0 % |
| S60 II | 0 | – | – | – |
| S60 III | 3,085 | -20.2 % | 8,025 | -11.5 % |
| S90 | 2,234 | -19.6 % | 5,835 | -25.0 % |
| V40 | 0 | – | 1 | -94.4 % |
| V40 CC | 0 | – | – | – |
| V60 CC II | 745 | -47.2 % | 1,511 | -43.8 % |
| V60 II | 1,802 | -52.1 % | 3,814 | -49.6 % |
| V90 | 908 | -8.3 % | 1,443 | -29.2 % |
| V90 CC | 590 | -33.6 % | 1,249 | -28.0 % |
| XC40 | 12,611 | -20.3 % | 24,897 | -25.9 % |
| XC60 II | 13,503 | -6.6 % | 28,019 | -11.1 % |
| XC90 II | 5,582 | -18.0 % | 12,825 | -10.8 % |
| Total | 42,067 | -17.2 % | 89,628 | -18.8 % |
By 2030, we want to be a leading, fully electric car company. That's why we invest in new cars, new technologies and new facilities. Together with Northvolt, we'll open a completely new battery manufacturing plant in Gothenburg, Sweden by 2026. pic.twitter.com/oQEYArUztU
— Volvo Cars (@volvocars) February 7, 2022
















