Kia во февруари ја зголемила продажбата за 5 проценти, Sportage брилјира

Kia продолжува да расте и на домашниот и на странските пазари, соодветно со 39.560 продадени примероци во Кореја во февруари (+5,3%) и 181.592 возила ширум светот (+4,5%).

Воведувањето нови модели во понудата, од типот на електричниот кросовер Kia EV6, свежо прогласен за автомобил на годината во Европа, како и обновувањето на гамата, со новите генерации на Kia Niro и Sportage, доведе до зголемување на продажбата на марката на светскиот пазар.

Корпорацијата Kia во февруари продала 221.152 возила во светот, што е за 4,7 проценти повеќе отколку лани. Позитивниот тренд во дел доаѓа од почетокот на продажбата на Niro, модел што се нуди со хибриден и електричен погон, додека новата генерација на Carens стартуваше на индискиот пазар, на којшто му претстои уште поубедлив раст. Надминувањето на нередовното снабдување со полупроводници исто така придонесе за зголемувањето на продажбата.

На домашниот пазар на марката се продадени 39.560 возила, за 5,3 проценти повеќе од лани. Продажбата во Кореја главно се базира врз СУВ-моделите. Само на престижниот Sorento отпаѓаат 4.776 примероци, а веднаш зад него е новиот Sportage со 3.781 примероци.

Странските пазари напредуваа за 4,5 проценти и регистрираа вкупно 181.592 возила во февруари. Сосем предвидливо, Sportage е главен со 20.987 продадени примероци, по него следи Seltos со 20.877 примероци, СУВ-модел позициониран слично со нам добро познатиот Stonic, што дури и не се продава во Европа. Трет е светскиот модел Rio, со 18,427 продадени примероци.

За претстојниот период ќе се вложуваат напори за надминување на нередовноста во испораката со компоненти, што е предизвикана од недоволната продукција на полупроводници.

Фев ’22

Тренд
феб. ’21

2022

Тренд ’21

Кореја 39,560 5.3% 76,598 -3.1%
Странски пазари 181,592 4.5% 357,794 -0.1%
Светска продажба 221,152 4.7% 434,392 -0.6%

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Претходна објаваМалку труд, голем ефект: Лак за сопирачки шепи од Foliatec
Следна објаваСекој втор нов Volvo во Европа користи електромотор за погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here