Секој сака големи тркала на својот автомобил, но откако тие конечно ќе се вградат, буквално се отвора нов „проблем“. Сопирачките шепи изгледаат неугледно, ги нагрдуваат исполираните тркала. Решение за тоа постои отсекогаш, лакирање на сопирачките шепи. За тоа секако дека е потребен посебен лак. Фирмата Foliatec испорачува не само лак, туку и цел комплет прибор и алат.
Автомобилската сцена обожува да ги лакира сопирачките шепи, на тоа непогрешливо укажува понудата од дури 31 боја што Foliatec ја има во својата понуда во моментов. Постојано се додаваат нови нијанси и бои, последни се лаковите performance red и performance yellow. Тоа се воедно и најомилените бои во понудата на германскиот специјалист, што во меѓувреме одбележува 40 години на тјунинг сцената.
Лакирањето е мошне едноставно, нормално дека претходно е потребно само да се демонтира тркалото. Сé што е потребно за понатаму, Foliatec го има вклучено во сетот. Понудите за комплетот од трговците на Amazon почнуваат од 29,95 евра, во продолжение е линкот којшто води до страницата за нарачка од најголемиот онлајн-трговец.
Количината лак е доволна за четири сопирачки шепи. Сетот содржи специјално средство за чистење и челична четка за подготовка пред лакирањето, потоа лак и стврднувач, еднократни работни нараквици, шпакла, и секако мала четка за нанесување на лакот. Таа е сосем погодна за секој дел од шепата да се лакира прецизно и брзо. Сетот се состои од 7 или 10 делови, зависно од лакот.
Кој е порасположен за вистинска занаетчиска мајсторија, може лакот да го нанесе и со пиштол за пакирање. За тоа треба посебно да се нарача разредувач, којшто ќе биде додаден во сетот пред испораката. Независно од начинот на лакирање, се добива траен слој со впечатлива боја, што со години ќе остане нечепнат. За разлика од лаковите што се купуваат во продавница за бои, Foliatec тврди дека нивниот сет е отпорен на висока температура, како и на хемиско дејство, на корозија и на масло.
Линкот на банерот води до страницата за производот на Amazon
Технички податоци за сетот
Производител FOLIATEC
Марка Foliatec
Модел 2183
Тежина на производ 779 g
Димензии на производ 10.9 x 4.9 x 4.9 cm; 779 грами