Изгорен брод со околу 4.000 автомобили од марките на групацијата Volkswagen денес потона во Атлантикот при неговото влечење. Тоа официјално го потврдија од португалската поморска управа.
Пожарот на бродот Фелисити Ејс избувна на 16-ти февруари, додека тој пловеше во близина на Азорските Острови. Екипажот од 22 членови беше спасен. Повеќето од натоварените автомобили што беа наменети за пазарот во САД, беа уништени или тешко оштетени во пожарот.
Спасувачите од ангажираната холандска компанија, во минатиот четврток потврдија дека пожарот сам се изгаснал. Производителот на автомобили уште нема излезено со соопштение за причините што доведоа до пожарот. Нема информации ниту за бројот на нови автомобили што изгореа во пожарот, како и за марките на автомобилите. Во медиумите се спомнуваше дека станува збор за голем број возила од марката Porsche.
Después de una semana fue controlado el fuego en el #FelicityAce. Se analizan las condiciones para su remolque a un puerto seguro para la investigación del siniestro, que se espera implique pérdidas millonarias.https://t.co/6zyqx3XhQB#SeguroMarítimo #Marine
— ALSUM – LatAm (@alsumtt) February 24, 2022
Двестеметарскиот брод патуваше од Емден, Германија, до Дејвисвил во американската сојузна држава Род Ајленд, кога пожарот избувна од непознати причини. Потоа бродот пловеше цела недела по Атлантикот, за на крајот да биде закачен за брод, во обид да се извлече до близина на брег.
















