за

Електричниот Mercedes EQC во Германија за 799 евра месечна претплата

Електричниот Mercedes EQC во Германија за 799 евра месечна претплата

Производителите најавуваа дека заедно со електрификацијата ќе се воведуваат и нови услуги. Меѓу нив се вбројува користење на автомобил со месечна претплата. Електричниот Mercedes EQC во Германија може да се користи со претплата од 799 евра месечно.

Mercedes во јули започнува со нова понуда за влез во светот на електромобилноста за германскиот пазар, преку сопствениот канал за изнајмување возила Mercedes-Benz Rent. Сите претставништва и дилерства на марката со сребрената ѕвезда што учествуваат во оваа мрежа, ќе го нудат електричниот Mercedes EQC по месечна претплата од 799 евра. Претплатата е вистинскиот поим, затоа што не станува збор за класично финансирање на возилото, туку буквално за плаќање месечна рата за негово користење.

Корисниците ќе можат за месечната претплата од 799 евра да возат до 1.250 километри. За дополнителни километри треба да се доплати. Периодот на користење трае 24 месеци, а договорот може да се раскине со тримесечно одложување. Во ратата веќе се вклучени ретистрација, осигурување, редовно одржување, како и замена на потрошните делови и на гумите.

Mercedes-Benz Rent е нова услуга за мобилност на сопствената банка на Mercedes, со којашто се покрива јазот меѓу класичен лизинг и „carsharing“. На 400 локации на марката во Германија стојат на располагање 8.000 возила на Mercedes за месечно изнајмување. Целта е со нови модели да се привлечат нови целни групи со кратко- до среднорочна потреба за мобилност.

EQC е прв модел од марката EQ на Mercedes-Benz. Двата електромотори на предната и задната оска постигнуваат заедно 408 КС. Со едно полнење, СУВ-моделот од средната класа може да мине меѓу 445 и 471 километри.

Mercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје

Mercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје
Mercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota hilux 2020

Toyota стандардно на врвот, Tesla дури четврта највредна марка во светот

Volkswagen ID.3 доаѓа во 2023 на местото на E-Up

Volkswagen ID.1 доаѓа во 2023 на местото на E-Up