Штутгарт изврши моделско освежување на автомобилот што има влијание врз целата сцена. Во новиот Mercedes E-Class е ставено повеќе нагласок на спортскиот стил, електрониката е донесена во чекор со времето, има дури седум изведби со приклучен хибриден погон.
Вестите што ги сервира автомобилската сцена во последниве месеци не се најрадосни, поради пандемијата и последиците од истата врз автомобилскиот пазар и општо врз економијата. Но, сето тоа може на момент да се заборави, како што пристигаат новитетите што производителите ги најавија непосредно пред преоѓањето во „новото нормално“. Новото моделско годиште на Mercedes E-Class во салонот на Мак Аутостар безгрешно успева да го врати духот од почетокот на годинава, кога Штутгарт го најави новиот модел, додека овој престижен автомобил во исто време влева надежи за подобро утре.
Организацијата на Mercedes функционира беспрекорно и во овие услови, па E-Class се појавува во салонот на Мак Аутостар во исто време како и на сите пазари во Европа. Актуелната генерација на E-Class со фабрички код W 213 стартуваше со производство во 2016 година и сега дојде време за тоа што во жаргонот на куќата традиционално се нарекува „Мопф“ – зборот доаѓа од германската кованица Modellpflege, што значи точно тоа, моделска нега.
Од десеттата генерација на E-Class, во континуитет од 1946 година, досега се испорачани повеќе од еден милион примероци, вклучувајќи го и комбито T-Modell. Промените се обемни, со заедничката водечка идеја, E-Class да се направи поспортски и помодерен. Покрај промените во формата на светлата, вклучувајќи ги задните светла, што сега се дводелни и постигнуваат поголема визуелна ширина на опашот, новини има и во внатрешноста, но и во техниката.
Во продолжение брз преглед на најважните промени во „мопфот“ на Mercedes E-Class:
https://photos.app.goo.gl/HDtnDxGvW3VFB4ma6
Подинамичен дизајн
- Avantgarde Line е нова основна линија за надворешниот изглед
- Нов дизајн на предните светла (целосно диодна техника, со доплата MULTIBEAM LED)
- Преработен дизајн на задните светла (дводелни, визуелно го прошируваат опашот)
- Преработен дизајн на маската и на предниот браник
- Варијантата All-Terrain повеќе го следи стилот на СУВ-моделите
Нова генерација системи за асистенција
- Нова генерација волани со капацитивна техника за препознавање кога дланките на возачот не се на воланот
- Активен темпомат Distronic ги користи информациите од LiveTraffic, препознава кога има застој или метеж на патот и реагира уште пред возачот да пристигне на местото. При застој на патот, темпоматот самостојно ја смалува брзината на 100 km/h.
- Активен асистент за застој му помага на возачот при застој на автопат да одржува растојание и да остане во лента до брзина од 60 km/h.
- Активен асистент за управување му асистира на возачот да се престрои и да се создаде лента да помине амбулантно возило во случај на незгода на патот.
- Активен асистент за сопирање со промена на правец: Доколку при скршнување на крстосница постои опасност од судир со возило што доаѓа отспротива, асистентот ја смалува брзината на E-Class.
- Активен асистент за мртви агли – сега предупредува и при отворање врата, кога одзади доаѓа автомобил или велосипед
- Пакет за паркирање со камера од 360 степени, покрај автоматско паркирање паралелно и попречно, сега паркира и на обележани места.
Повеќе комфор во кабината
- Два дигитални дисплеи стандардно (2 x 10,25 инчи, споени), со доплата Widescreen Cockpit
- со два дисплеи од 12,3 инчи
- MBUX стандардно поседува говорни команди LINGUATRONIC и асистент за унапредена реалност
- Комфорна програма ENERGIZING со функција на ENERGIZING COACH и со „PowerNap“ (кај приклучните хибриди)
- Кинетика на седишта ENERGIZING
Електрификација на погонската спрега
- Седум приклучни хибриди во лимузинска или комби изведба T-Modell, со бензински или со дизел мотор, со заден погон или првпат во комбинација со погон на сите тркала
- Нов мотор M 254: Дволиарски бензинец со интегриран стартер-генератор и 48-волтна мрежа, номинална моќност 200 + 15 kW, иновативен сегментен турбо-компресор и дополнителен електричен компресор, Camtronic на вшмукувачката страна
- Повеќе мотори и програми за возење за варијантата All-Terrain
https://photos.app.goo.gl/uSMJC5SnzDnPAdcP9
https://photos.app.goo.gl/ciXEkBXX6pzurJJXA
https://photos.app.goo.gl/St15TUyPS2MUxv8t6
https://photos.app.goo.gl/s24gu1bQw8f8FqyF8
https://photos.app.goo.gl/Vmp2Ya6EytQXdUcY6
https://photos.app.goo.gl/CarbXA3VEF2oPfHK7
Цените за новото моделско годиште на Mercedes E-Class во Македонија
Модел |
Зафатнина во cm3 |
Моќност во КС |
Цена во евра |
|
E 220 d |
1950 |
194 |
57480 |
|
E 220 d 4M |
1950 |
194 |
61990 |
|
E 300 de |
1950 |
194+122 |
63540 |
|
E 300 de 4M |
1950 |
194+122 |
67000 |
|
E 400 d 4M |
2925 |
340 |
76990 |
|
E 200 |
1991 |
197 |
56990 |
|
E 200 4M |
1991 |
197 |
59800 |
|
E 300 e 4M |
1991 |
211+122 |
65680 |
|
E 450 4M |
2996 |
367 |
75990 |
|
E 53 AMG 4M |
2999 |
435 |
97980 |
















