Mercedes CLA: Освежување за најпродаваното купе со ѕвезда

Стандардната опрема е збогатена значително во новото моделско годиште на Mercedes-Benz CLA. Тоа што важи за CLA, секако дека важи и за неговата комби-купе изведба CLA Shooting Brake. Уште едно нешто заедничко за двете варијанти: Дизајнирани се од Славче Таневски.

Диодни светла во напредна изведба, комфорни седишта обложени во комбинација од Артико и штоф, кожа на воланот и средишен дисплеј од 10,25 инчи се вградуваат стандардно во секој Mercedes-Benz CLA и CLA Shooting Brake. Важна новина претставува и обновената генерација на MBUX, како и можноста да се доплати за музички систем што подржува Dolby Atmos. Нови системи за асистенција се подразбираат, исто како и зафати во електрификацијата на гамата.

Новото моделско годиште добива сменет изглед на предниот браник, преработен дизајн на маската со ѕвездена шема и нов заден дифузор. Целта е да се нагласи спортскиот карактер.

Графиката на диодните светла со високи перформанси и на задните диодни светла е сменета. Новина во палетата од бои е хипер-сина, достапна само за CLA, како и спектрално сината боја. За изгледот на тркалата може да се избираат уште три варијанти, со големина до 19 инчи. Стандард се тркала од 17 инчи со пет краци, во ванадиум сребрена боја или со пет двојни краци, во сјајна црна боја.

Внатрешноста оддава посилен техно-впечаток, нуди свежи бои и нови украсни панели

https://photos.app.goo.gl/7T4AppL7RBwNBmGLA

Главниот фаќач на погледи во внатрешноста е двојниот дисплеј што е издвоен од арматурната табла. Тој сега стандардно се состои од дигитални инструменти од 7 инчи и средишен дисплеј од 10,25 инчи. Опција е двата дисплеи да бидат од 10,25 инчи, под заеднички покривен панел.

За поблагороден изглед на внатрешноста се грижат новите украсни панели со изглед на темен карбон, липово дрво со отворени пори или микрофибер – за AMG Line.

Доколку се нарача варијанта на опрема Progressive, може да се избира меѓу три бои на внатрешноста: Црна, макијато беж и зеленкасто сива. Во случај да се работи за AMG Line, седиштата сега може да бидат во кафена боја. Тука може да се избира меѓу пет бои: Црна, кафена, зеленкасто сива, титан сива / црна, и за првпат, црвено/црна.

Во стандардната опрема спаѓаат и задна камера, автоматско долго светло и дополнителни приклучоци USB.

Сите бензински мотори се електрифицирани и стандардно доаѓаат во комбинација со 7- или 8-степен менувач со двојна спојка. CLA 180, CLA 200, CLA 220 и CLA 250 се благи хибриди со 48-волтен стартер-генератор. Тој помага при поаѓање, испорачувајќи дополнителни 10 kW. При сопирање и забавување, стартер-генераторот дејствува како генератор и ја полни батеријата, за таа повторно да има енергија да го потпомогне стартот.

https://photos.app.goo.gl/TB7cCpdBMuMqfKGL6

Поголеми новини во погонот има кај верзиите со приклучен хибриден погон, со ознаката CLA 250 e. Батеријата е сменета и акумулира повеќе енергија, што значи и подолг досег кога се вози чисто на струја. Електромоторот доби 5 екстра kW и сега располга со 80 kW, што одговара на 109 КС.

https://photos.app.goo.gl/NwFYqS9nspSTdg2G7

Исто и полнењето може да се одвива побрзо, со можноста да се полни со 11 kW, место со 7,4 kW. Кога стои на располагање полнач со еднонасочна струја, останува можноста под 22 kW да се полни од 10 до 80% за околу 25 минути.

Моделското освежување ги опфати и AMG-варијантите на CLA

https://photos.app.goo.gl/C6w49uc6ehv36Fqj8

Претходна објаваГермански Aral отвори коридор со полначи за електрични камиони долг 600 km
Следна објаваЗошто BMW го сака водородот, за разлика од конкуренцијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here