Со шест полначи со моќност од 400 киловати, на коишто ќе им се придружат уште два, германската компанија Aral им обезбеди брзо и сигурно обновување на енергијата на електричните камиони, на делница од Швегенхајм до Дортмунд. За време на законскиот одмор од 45 минути, камионите полнат енергија за 200 километри.
Коридорот од Рајна до Алпите, како една од најоптоварените рути за превоз на стока во Европа, долг 600 километри, моментно е покриен со шест моќни станици со полначи.
Германскиот возен парк од товарни возила брои 3,5 милиони единици, со растечки тренд. Возилата со електричен погон уште сочинуваат незначителен дел од тој возен парк, но бројот им расте забрзано.
За електричните камиони да можат без ограничувања да ги заменат камионите со дизел мотор, неопходна е моќна мрежа од полначи, што е проектирана за камиони. Aral го отвори првиот таков коридор во Европа, од којшто се очекува да даде голем придонес за понатамошно забрзување на електрификацијата. Во недостиг од соодветна инфрастуктура, електричните камиони обично мораат по завршемата тура да се враќаат во депото на компанијата и да ја наполнат батеријата. Тоа повеќе нема да биде потребно со коридори, како овој што денес го отвори германската компанија Aral.
Рајнско-алпскиот коридор ги опфаќа и регионите на Рајна-Некар и Рајна-Мајна, заедно со метрополите во подрачјето на Рајна-Рур. Коридорот во моментов се состои од шест станици со полначи, што посебно се приспособени за камиони, добро се осветлени и се сигурни. Моќноста на полначите изнесува 300 киловати. За споредба, обични ѕидни полначи што се поставуваат во гаража или на помали паркиралишта, имаат моќност од 22 kW.
Станиците се во кругот на центрите на Aral во градовите Швегенхајм, Бенсхајм, Риселсхајм, Рајнбелен, Диселдорф и Дортмунд. Во следните месеци ќе се придружат уште станиците во Бад Хонеф на патот А3 и во Келн.
Еден полнач на Aral pulse можат дневно да го користат повеќе од 20 товарни возила, во рамките на законски пропишаната пауза за возење од 45 минути. За тоа време, батеријата се полни со „зелена“ струја, доволно за следните 200 километри пат. Патничките автомобили исто така можат да ги користат полначите.
View this post on Instagram
Во организацијата на коридорот, партнер на Aral е Daimler Truck, којшто во 2024 година почнува со производство на eActros Long Haul, наменет за транспорт на долги релации. Тој ќе се придружи на стандардниот eActros 300, којшто веќе е дел од понудата на Mercedes-Benz. До 2026 година, сите камиони што доставуваат компоненти за фабриката на Mercedes-Benz Lkw во Верт, ќе бидат исклучиво со електричен погон.