за

Lancia Delta HF Integrale на „мистер Бин“ оди на продажба

Комбинацијата е погодена: Ретка боја, култен модел и светски прочуен сопственик прават, оваа Lancia да го чини многу идниот сопственик.

Lancia HF Integrale Evo II од 1993 година, во сопственост на актерот и комичар Роуaн Aткинсон, најмногу познат по улогата на Мистер Бин, наскоро ќе го смени сопственикот.

Името Delta значи многу на автомобилската сцена, уште откако првата генерација на компактниот модел на Lancia имаше премиера на салонот во Франкфурт во 1979 година. Италијанскиот култен автомобил ја стекна светската слава како непобедлива тркачка машина во светското првенство во рели во доцните 1980-ти и раните 1990-ти години.

Lancia постојано го усовршуваше автомобилот што се ворјува меѓу највпечатливите модели на сцената. Evoluzione стартуваше со производство кон завршетокот на 1991 година и се одвиваше во цела 1992 година. Овие Evo-модели се последните автомобили за хомологација што рели тимот на Lancia ги произведе под тркачките бои на Martini Racing.

Во јуни 1993 година, се појави Evo II, како следно усовршување на HF Integrale. Дволитарецот со турбонатполнење и тогаш авангардна 16-вентилска техника, доби моќност зголемена на 215 КС, во комбинација со трифазен катализатор и ламбда сонда. Целата таа комбинација од техника за моќност и чист издув беше надгледувана од новиот систем од Marelli за контрола на работата на моторот.

Од серијата се изработија само 4,223 автомобили за светскиот пазар. Моделот денесе се вбројува меѓу најважните рели-болиди на Lancia, заедно со Fulvia, Stratos и 037.

Моделот што го продава Роуан Аткинсон е Evo II од 1993 година, со неколку дополнителни зафати, како алу-тркала од 16 инчи со гуми 205/45/ZR16, жлебови за дожд во боја на каросеријата, алуминиумски поклопец за долевање гориво и алуминиумска рамка околу отворите за воздух. На тоа следат уште поклопец на главата на моторот во црвена боја и кожен волан Momo со три краци, заедно со школкасти седишта Recaro, обложени во алкантара, со кос штеп.

Evo 2 HF Integrale е еден од јангтајмерите што денес сите ги сакаат, а овој примерок има посебно интересно педигре.

Lancia прво била испорачана во Јапонија, но во 2011 година била вратена назад во Велика Британија. Примерокот е посебно редок, затоа што е лакиран во „Lord Blue“, а дополнителна вредност дава комплетната сервисна книшка водена во Јапонија.

Одржувањето е врвно, автомобилот е сочуван исклучително добро. Роуан го купил автомобилот во мај 2021 година, со поминати 87.000 километри. Оттогаш автомобилот има поминато само 3.000 километри, што значи дека се продава со 90.000 километри.

За втората генерација на Evo во моментов постои огромна побарувачка и колекционерите бараат солувани примероци со ретка боја и вредна историја.

Проценителите на Silverstone Auctions очекуваат овој Evo II од славен сопственик да достигне вредност меѓу 65 и 75 илјади фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Porsche за малку ќе станеше швајцарска марка

Германски Aral отвори коридор со полначи за електрични камиони долг 600 km