за ,

Mercedes CLA во Мак Аутостар: Стилот има нова големина

Благородните марки се обврзани на промени, на револуциски чекори. Сопственикот на Mercedes, BMW или Audi треба да биде убеден дека неговата марка е најдобра, а тоа успева само кога се нуди нешто што на конкуренцијата и отсуствува. Нека биде купе-лимузина, на пример, од изумителот на оваа трендовска форма, Mercedes, и тоа со ознака CLA.

Ознаката е важна, затоа што сугерира на скулптурата на тркала, на Mercedes CLS. Исто како престижната купе лимузина изведена од класата Е, така и CLA има покрив како купе, а бројност на врати како лимузина. Притоа, основата на CLA не е никој друг туку класата А, онаа врвно дизајнирана машина за возење, која ги остави во длабока сенка умерените модели на конкуренцијата.

Некој може да го гледа CLA како конкурент на серијата 3 на BMW или на Audi A4, ако се суди по должината од 4,63 метри, но и фактички се работи за непроменета платформа од класата А, со меѓуоскино растојание од 2,7 метри. Но, посебноста на CLA е во неговата уникатност, барем во сегментот. Трендовската лимузина има потенцијал неколку години да царува во својот сегмент, исто како што тоа на времето му успеа на BMW со првата генерација на компактниот теренец X3.

Иако тоа веќе не е изненадување, CLA веќе се наоѓа во продажниот салон на Mercedes. Околу цената има само добри вести од застапникот, затоа што со 28.970 евра за основниот модел, CLA е поблиску до цената на класата А отколку на CLS.

Бензинските изведби се со зафатнина од 1,6 литарски мотор и се нудат како CLA 180 и CLA 200, со моќност од 122, односно 156 КС, додека дволитарскиот мотор во CLA 250 оди до 211 КС. Во понудата влегуваат и двата дизелски мотори, CLA 200 CDI со моќност од 136 КС и вртежен CLA 220 CDI со 170 КС. Омпресивна е потрошувачката на гориво на отворен пат од 4,5 литри на 100 километри, што секако е резултат и на врвната аеродинамика на моделот. Старт-стоп е стандард.

[box type=”info” ]
Натпревар за најдобра фотографија
Mercedes-Benz Мак Аутостар, по повод доаѓањето на Нескротливиот – CLA,  организираше натпревар на социјалните мрежи, за најдобра дигитална фотографија, како инспирација на невобичаеното, нескротливото. Оние фотографии кои се навистина невообичаени, ќе бидат дел од дигиталната изложба на фотографии која ќе трае од 3-ти до 6-ти април во салонот на Мак Аутостар. [/box]

[nggallery id=10]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кола од трска · Само храбро напред Африка!

На место, подготви се – старт!