за

Mercedes-Benz GLA 45 AMG: Негов терен е брзиот асфалт

5. MERCEDES GLA, продадени примероци 30,449 (+78.1%)

Тој живее на висока нога, но во исто време сака да вози и спортски. Таков спој на неспојливото ќе понуди врвната изведба на компактниот теренец GLA. На неговите 360 КС малкумина можат да се спротивстават.

Теренецот на база на класата А ќе му овозможи на Mercedes да постигне голем раст во вкупната продажба на марката преку сегментот што е во постојан раст. Во стил на куќата, од следното лето GLA ќе се нуди во лута верзија на AMG. Моделот ќе биде претставен премиерно на салонот во Детроит, од 13-ти до 26-ти јануари. Оваа врвна верзија со ознака GLA 45 AMG под хаубата го има четирицилиндарскиот турбобензинец од класата А со 360 КС.

13C1147_195

Перформансите се за почит. Спринтот до темпо сто трае 4,8 секунди, што е само две десетинки послабо од A 45 AMG. Нормираната потрошувачка на овој мотор што според Mercedes е „најсилен четирицилинарец од сериско производство во светот“ изнесува 7,5 литри на сто километри. Крајната брзина, како и вообичаено е ограничена на 250.
Од топ изведбата во гамата на класата А потекнува и седумстепениот менувач со двојна спојка. Вртежниот момент се распределува меѓу предната и задната оска во сооднос до 50:50 преку варијабилен погон на сите тркала.

13C1147_066

Топ моделот се препознава однадвор по спортскиот преден браник, како и по новиот натпис AMG меѓу ламелите на маската кого во иднина ќе го носат сите модели од спортското одделение од Афалтерсбах. Биксенонските светла се стандард, исто како и спортските седишта и црвените безбедносни ремени, како и мултифункцискиот спортски волан. Почетокот на продажбата на топмоделот традиционално ќе се одбележи со специјалната серија „Edition 1“ со стилски акценти на каросеријата и во кабината во црвена и црна боја.
Цената за знаменосецот во гамата на GLA уште не се објавува. На германскиот пазар основниот модел на компактниот теренец стартува од 29.304 евра, додека за верзијата AMG може да се очекува цена од околу 50.000 евра. Кога новиот модел ќе се најде на улиците од следното лето тој ќе се соочи единствено со Audi RS Q3. Компактниот теренец на Audi чини исто колку Mercedes, но има само 310 КС. Се чини дека трката е решена уште од старт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes го победи BMW во продажбата во САД

По 15 години повторно раст во продажбата на Opel